Како горилите ја надмудрија еболата?

Пред 10 години, популацијата на горилата во Централна Африка била опустошена со смртоносниот вирус. По шест години, животот речиси се вратил во нормала, се наведува во истражувањето. Но, како?

Ако вирус како ебола се рашири во заедницата, така да ја десеткува, дали таа популација некогаш може да зајакне? Во случај на големите мајмуни, новото истражување вели дека одговорот е позитивен.

Од 2003 и во текот на 2004 година, вирусот на ебола се раширил меѓу популацијата на горилата во Националниот парк Одзала-Кокуа во Република Конго, намалувајќи го нивниот број од 380 на само 40. Стапката на смртност доведе до големи промени во структурата на заедницата. Групите на горила за парење кои обично се состојат од еден мажјак со сребрен грб, три до четири женки, нивните потомци и млади мажјаци со црн грб, најчесто се распаѓале, а посебно кога ќе умре сребрениот мажјак. Во таа прилика некои се приклучиле на други групи, додека многу млади мажјаци останувале осамени.

Загрозени од заканата која ја претставуваат човечките активности за популацијата на горилата, жртвите на ебола нанеле тежок удар на целиот вид. Едно истражување од 2006 година, на пример, проценило дека 5.000 горили подлегнале на овој смртоносен вирус во текот на една деценија. Броевите стануваат поголеми ако се оди подалеку во минатото. Во текот на последните 30 години, некои научници процениле дека еболата усмртила околу третина од светската популација на горилата.

Сепак, во случајот со горилата од Националниот парк Оџала-Кокуа, животот повторно се чини нормален, само шест години по еболата. Како е можно тоа?

Селин Жентон, биолог од Универзитетот во Рена, заедно со својот тим ги следела влијанијата на еболата на степенот на преживување на горилата и нивната социјална динамика. Тие тоа го правеле од далеку, од платформа поставена на бришан простор во џунгла со помош на двоглед, камери и моќни телескопи. Поединечните горила се идентификувале со помош на формата на лицето, телото и бојата на крзното. Контролната група, популацијата на горила која не била под влијание на еболата, е одвоена со река и оддалеченост од 20 километри, исто така била набљудувана.



Во текот на епидемијата, бројот на возрасните преживаени горила со репродуктивен потенцијал се намалил меѓу горилата, а бројот на тие кои емигрираат во популацијата се намалил за 50 проценти. Меѓутоа, веднаш откако епидемијата била запрена, веројатноста дека горилата ќе основаат нова група за оплодување, за кусо време повторно се зголемила. По шест години, речиси се вратила во нормала. Исто така, степенот на преживување на возрасните горила се вратил на состојбата од пред епидемијата, изразувајќи извесна отпорност на брзи промени во околината – се наведува во истражувањето.

Меѓутоа, тоа се уште било далеку од приказна со среќен крај. Бројот на горилата и понатаму е далку од тој кој бил во време пред појавата на смртоносниот вирус. Возрасните женки обично раѓаат младо еднаш во пет години, што сигурно значи дека, дури и под идеални околности, ќе бидат потребни барем 50 години популацијата повторно да се зајакне – наведува приматологот од Фондацијата за горила Диан Фоси.

Моменталната епидемија во Западна Африка не влијаеше на горилата, бидејќи тие главно се настануваат во Централна Африка. Таа сепак зема околу 1.400 човечки животи до сега. Истражувањата како Жентоновите сугерираат дека мора да се земе предвид и социјалната динамика кога се проучува демографијата на заразената популација и нивниот одговор на болеста. Состојбата е подеднакво тешка и за луѓето и за мајмуните на патот на еболата, но истражувањата како ова пружат едно многу важно оружје: надежта.

Национална географија



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...