Научници кои го изгубиле животот поради своите откритија

Научниците ја туркаат цивилизацијата од почетокот на времето и многу често тие се и лица кои тестираат нови откритија, меѓутоа некои од тие откритија можат да бидат смртоносни.

Сајтот Бизнис Инсајдер со помош на Википедија состави куса листа на генијални инженери, научници и други лица кои се коцкале со животот и го изгубиле.

Основачот на компанијата Stanley Motor Carriage се судрил со брдо исечени дрвја.

Френсис Едгар Стенли и неговиот брат близнак Фрилан Оскар Стенли направиле автомобил Stabley Steamer во 1896 година. Во 1906 година тие го надминале брзинскиот рекорд за најбрзо извозена милја (1,6 километри) за 28,2 секунди. Тоа значи дека нивниот автомобил можел да достигне брзина од 205 километри на час.

Браќата во 1918 година ја продале компанијата, а подоцна таа година го изгубиле животот во автомобилот, кој самите го создале.

Првиот човек кој го измислил балонот на топол воздух загинал при преминување на Англискиот канал.

Исклучително талентираниот Пилатр де Розие се понудил да учествува во прв лет на балон на топол воздух во 1783 година заедно со Маркизата Дарланда затоа што не сакал да дозволи таа чест да оди на некој друг. Со овој лет тој се здобил со слава.

Меѓутоа, други двајца мажи ја однеле титулата на лица кои први го поминале Англискиот канал Ламанш со помош на балонот, но нивниот лет бил без проблеми иако за малку ќе го загубеле животот.

Пилатр де Розие им позавидел на славата, поради што направил балон Розие за да ги реши проблемите кои ги мачеле други научници. Меѓутоа, нешто мистериозно тргнало по лошо, при преминувањето на Ламанш и тој го загубил животот.

Научници кои работеле во тајна лабораторија во Ново Мексико под името Локација Омега, биле изложени на смртоносна доза на радијација од јадро на плутониумска бомба.

Осум научници во 1946 година заедно со Алан Клин работеле на акција која требала да ги приближи двете половни сфери обложени со берилиум и да го доведе плутониумот во критична состојба.

Клајн и тимот го извеле овој експеримент 24 пати, но потоа шрафцигерот кој ги одвојувал двете сфери се откачил и довел до смртоносно излевање на радијација.

Преса за печатење Булок, на својот креатор му ја здробила ногата, а потоа развил гангрена и умрел при ампутација.

Вилијам Булок направил подобра верзија на печатарска преса во 1863 година која претставувала прва модерна преса за печатење на весници.

Меѓутоа во 1867 година ногата му се заплеткала во нејзиниот механизам, а подоцна довело до гангрена. Умрел при ампутација.

Човекот кој се смета главен за популаризација на џогингот умрел при утринско џогирање.

Џејмс Фикс покренал цел тренд во врска со џогирањето, а објавил и неколку книги посветени на овој вид на вежбање.

Умрел по силен срцев удар во тек на утринско џогирање.

Основачот на Болшевичката партија се надевал на вечен живот со помош на трансплантација на крв, но го загубил животот поради една.

Александар Богданов заедно со Владимир Ленин ја основале Болшевичката партија, но од неа бил исфрлен во 1909 година.
Потоа се свртел кон медицината, науката и психијатријата.

Богданов во 1920 година почнал да експериментира со трансфузии на крв за да постигне вечна младост, или барем делумно подмладување. Дури успеал да го убеди Сталин да основа Институт за трансфузија на крв.

По 11 трансфузии, Богданов изјавил дека видот му се подобрил и дека косата престанала да му паѓа. Меѓутоа, умрел кога земал крв од студент кој имал маларија и туберкулоза.

Главниот поморски архитект на Титаник бил на бродот во текот на неговото прво и последно патување.

Томас Ендрјуз го дизајнирал бродот и предложил тој да има 46 бродови за спасување. На крај, само 20 нашле свое место на Титаник, наспроти неговиот совет.

Последните часови од животот ги поминал помагајќи на луѓето да најдат појаси за спасување. Неговото тело никогаш не било најдено.

Човекот кој ја направил едрилицата изгубил контрола над својот изум и го загубил животот по пад од висина од 15 метри.

Човекот кој ги инспирирал браќата Рајт, Ото Лилиетал бил прв човек кој успеал да изведе безбедни и повторени летови со едрилицата.

Пред неговиот успех, летањето се сметало за сон на будала и фантазер. Лилиетал конструирал 18 типови на едрилици и извел 2.000 летови.

Меѓутоа, во текот на последниот лет ја изгубил контролата, а потоа почнал да паѓа. Неговите последни зборови биле: Мора да има и жртви.

Советникот на Династијата Кин замислил метод на погубување под името Пет болови и подоцна бил погубен со помош на овој метод.

Ли Си советник под Династијата Кин, замислил метод за мачење под името Пет болови, но по промената на власта, тој бил погубен со помош на неговиот метод.

Австриски научник го изгубил животот при тестирање на ракета.

Макс Валие бил заинтересиран за ракети и се надевал дека еден ден летот во вселената ќе биде можен.

Во 1927 година основал Вселенско здружение, а по една година направил ракетни автомобили кои можеле да забрзаат до 233 километри на час. И како тоа да не му било доволно, во 1929 година создал ракетни санки кои можеле да одат со брзина од 400 километри на час.

Меѓутоа, при несреќа со ракетата Валие во 1930 година го изгубил животот.

Марија Кири добила Нобелова награда по физика и хемија, но подоцна умрела од изложеност на радијација.

Марија Кири ги открила радиумот и полониумот и остварила многу продори на полето на радиоактивноста (се работи за збор кој го измислила самата). Нејзината работа довела до развој на Х-зраците.

Таа исто така била прва жена која добила Нобелова награда два пати, а се уште е единствена која ја добила оваа награда за работа во две различни полиња.

Нејзиното истражување ја изложило на голема количина на радијација и умрела од леукемија во 1934 година.

Летечки шнајдер скокнал од врвот на Ајфеловата кула, во обид да лета со свој падобранец направен од облека.

Францускиот шнајдер Франц Реше дизајнирал падобранец од облека, а за да го тестира својот изум тој во 1912 година скокнал од Ајфеловата кула. Неговиот лет немал успех.

Судејќи по натписите во тој период, париската полиција му дозволила да го спроведе својот експеримент сметајќи дека ќе го проба на кукла.

Легенда тврди дека локален кинески владетел во 16 век заврзал 47 ракети за столица и се обидел да одлета во вселената.

Судејќи според кинеска легенда, Ван Ху сакал да одлета во вселената.

Во Кина наводно ракетите се користат од 1232 година и Ху поради тоа имал пристап до потребните ракети. Судејќи според легендата, по палењето на ракетите следел силен звук, а од Ван и неговиот изум немало ни траг ни глас.

Не е разјаснето дали оваа приказна е точна, но според името на Ван е наречен еден кратер на Месечината.

Бизнис Инсајдер



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...