Мозокот учи од допирот

Луѓето се научени да собираат информации при контакт со предметите, а научниците открија како сложениот допир од кожата се пренесува директно до мозокот во вид на кодови.

Општото разбирање во науката за нервниот систем е дека допирот на кожата го формира комплетно искуство во мозочната кора, најнапредниот дел во мозокот. Но, она што сега го откриле научниците е дека другите делови од мозокот играат многу поголема улога отколку што се мислело претходно. Исто така тие открија и дека се вклучени повеќе различни структури од мозокот.



- Здружувањето на чувствата всушност започнува во мозочното стебло, изјави неврохирургот Хенрик Јрнтел од универзитетот Лунд во Шведска.

Мозочното стебло е најстар дел од мозокот кој ги регулира основните функции потребни за преживување, како што се дишењето, крвниот притисок, биењето на срцето и температурата во човечкото тело.

- Се верува дека чувството за допир, активира само мал дел од мозочната кора. Сепак, нашите наоди покажуваат дека се активира многу поголем дел, изјави Хенрик.

За ова испитување, истражувачите проучиле како индивидуалните нервни клетки ги примаат информациите од кожата. Тие употребиле „насилно поврзување“, кое создало контролирачки допири. Овој метод не бил претходно проучуван.



Новите наоди може да имаат влијание врз психолошките болести и болестите на мозокот, како што се мозочен удар или Паркинсова болест. Деталното истражување на мозокот им овозможи на останатите научници и доктори да сфатат дека допирот е важен при разбирањето на овие болести.

- Ако знаеме како работи мозокот, може да ги споредиме неговите ситуации во различни услови. Тогаш можеби ќе ја подобриме работата на мозокот на пациентите кои патат од одредени болести, додаде Хенрик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...