Сибирските кратери ја откриваат мистеријата на Бермудскиот триаголник?

Мистериозните кратери кои пред неколку месеци се појавија во Сибир ја разбрануваа научната јавност и се уште се предмет на истражување. Последната теорија е дека се настанати како резултат на подземни експлозии на гас. Научниците кои ги анализираат кратерите веруваат дека истражувањето може да даде објаснување и за тоа како функционира Бермудскиот триаголник.

Рускиот научник Игор Јелтсов вели дека постои теорија според која Бермудскиот триаголник се јавува токму како резултат на овие реакции на гас.

-Заробените замрзнати подземни гасови започнуваат активно да се распаѓаат при што мразот од метан се претвора во гас. Процесот наликува на лавина или нуклеарна реакција, при што се создаваат огромни количества на гас. Океанот се загрева и бродовите започнуваат да тонат во водите измешани со гас. На истиот начин и воздухот станува презаситен со метан, што ја прави атмосферата екстремно турбулентна и опасна за леталата, објаснува Јелтсов.

Научниците и понатаму ги истражуваат кратерите и ги тестираат своите теории.

-Кратерот сам по себе е мошне интересен од научна гледна точка, објаснува научникот Олег Кушнаренко и додава дека неговиот тим допрва треба да ги истражи сите места во светот каде што се случуваат слични подземни експлозии на гас.  Досега постоеја неколку теории за тоа како настанале кратерите во Сибир, од тоа дека се направени од метеор, па се до објаснувањето дека станува збор за вулканска ерупција. Сепак, по земањето на примероци од дупките и подетална анализа е дојдено до заклучок дека станува збор за експлозии на поземен замрзнат гас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...