Емоционалната интелигенција поважна од IQ

Новите истражувања покажуваат дека 80% од работниот успех во денешно време зависи многу повеќе од емоционалната интелигенција, EQ, која во голема мерка влијае врз самите односи и влијанија на работното место. Еден хрватско-словенски психотерапет, д-р Жељко Чуриќ, неодамна одржа предавање во Загреб за важноста на EQ.



За време на работниот ден човек се соочува со различни емоции, понекогаш сме срќни и добро расположени, но во нареден момент може да сме лути и депресивни, па повторно полни со ентузијазам. Но, само ако сме свесни за совладување на тие емоции можеме да ги искористиме целосно нашите потенцијали. EQ не може да се научи, но може да почне да се развива. Сите имаме потенцијал за нејзино развивање, но зависи од самиот човек дали и како ќе ја развие.

Д-р Жељко смета дека најважно е самите да се прилагодуваме на односот кон себе, кон другите и кон светот во кој живееме.

- Тоа е еден предуслов за употреба на бројни социјални алатки кои произлегуваат од односите. Многу важни особини се развивање на љубов кон себе и љубов кон останатите, како и самопочитување. Многу генијалци кои имаат изразито висок IQ имаат потешкотии во соочувањето со светот, токму поради недоволно развиена емоционална интелигентност, смета д-р Жељко.



Тој откри една вежба преку која можеме да ги препознаеме емоциите на една личност преку гестикулација и држење на телото. На почеток можно е да грешиме со погодувањето на точната емоција на личноста до нас, бидејќи ја гледаме стуацијата од наша гледна точка. Но, со доволно вежбање ќе можеме да ги откриеме емоциите преку гестикулациите и говорот на телото.

Исто така, д-р Жељко препорачува најпрво да се спознаеме самите себе, па потоа и другите.

- Да се запознае својот емоционален свет, неговите законитости и динамика претставува вистински златен рудник. Запознајте ги другите доволно добро за да можете да ги почитуват и да ги сакате, при што ќе ви се отвори друг рудник на меѓусебни односи. Зборот стрес е збор кој полека оди во историјата, но кратко речено емоционалната интелигентност е предуслов стресот да се претвори во EQstress.

Што се однесува до мотивирањето на работното место тој советува да не ги мотивирате другите со она со кое самите се мотивирате, туку да откриете што е она што нив ги тера да напредуваат.

- Твоја должност е да им помогнеш да ја активираат, стимулираат или деблокираат нивната мотивација за работа, додава д-р Жељко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...