Војници го стопираа истражувањето: Решена мистеријата за Бермудскиот триаголник?

Војската подолго време го истражуваше регионот околу Бермудскиот триаголник, но двете џиновски подводни пирамиди го запреа истражувањето. Овие пирамиди направени од дебело стакло, се пронајдени токму во центарот на Бермудскиот триаголник и тоа на длабочина од 2км. Идентификувани се од страна на океанографот д-р Мејер Ферлаг со помош на сонер.



Д-р Ферлаг верува дека откритието на овие тајни и чудни пирамиди може конечно да ги расветли сите случаи на исчезнати бродови и авиони од овој регион. Прашањето на кој никој нема одговор е како се направени тие пирамиди и со кое орудје! За сега ни испитувањата не можат да се извршат бидејќи недостасуваат техники и машини за истражување на таа длабочина. Тој исто така истакна и дека технологијата и е непозната на модерната наука и се надева дека деталните студии ќе дадат резултати кои сега се тешко да се замислат.

Оваа вест била дискутирана на конференција во Флорида. Новинарите имале многу фотографии и компјутерски податоци кои покажувале тродимензионални пирамиди кои биле совршено мазни, без никакви  пукнатини.



До сега имало многу извештаи за овие пирамиди. Американските океанографи уште од 1990 година откриле подводни пирамиди кои биле лоцирани точно во центарот на Бермудскиот триаголник. Научниците ги анализирале сите податоци и заклучиле дека површината е целосно рамна, па затоа можно е да е од стакло или мраз. Пирамидите се три пати поголеми од Кеопсовата пирамида. Се наметнува прашањето зошто овој случај е затворен? Го преземале воени структури, сите податоци ги блокирале, а идните испитувања ги чувале во строга тајност.

Четвртоаголната база е долга 300, а широка 200 метри, додека врвот е висок 200 метри. На врвот се наоѓаат две огромни дупки, а кон една од нив поминува вода со огромна брзина и така создава подводен бран, кој предизвикува голем вртлог. Поради него на површината се формира пареа и бранови кои се повлекуваат кон дното. Токму поради тоа истражувачите на Бермудскиот триаголник веруваат дека тоа може да биде една причина за досегашните мистериозни исчезнувања.

Најголеми инциденти:

1918 – Американскиот воен брод Киклоп исчезнал без трага со 306 луѓе
1946 – Пет воени авиони кои вежбале летање на т.н. лет 19 под неразјаснети околности „испариле“ од лицето на земјата
1948 – Исчезнал патничкиот авион Стар
1949 – Исчезнал патничкиот авион Стар Ариел
1969 – Светилникот Исак бил пронајден напуштен, а двајца работници никогаш не ги пронашле



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...