Забите ја откриваат вистината за „вампирите“

За време на 17-от и 18-от век низ Источна Европа луѓето кои биле под сомнение дека се вампири биле закопувани со најразлични бизарни ритуали, како колец во срцето или ногата.

Археолозите неодамна открија која е вистинската причина за нивата смрт благодарение на откриените скелети на територијата на Полска. Резултатите покажуваат дека сите „вампири“ биле жртви на колера, а најчесто завршувале погребани како вампири бидејќи луѓето не знаеле како да ја објаснат нивната брза смрт.

Секогаш било полесно истата да се припише на зла сила која ќе стане од гробот доколку не биде соодветно закопана, отколку на болест.

Според анализата на глеѓта од забите на 6 „вампири“ утврдено е дека станува збор за колера. Погребите на починатите се совпаѓаат со времето кога низ Источна Европа се ширела епидемија на колера, па „вампирите“ најверојатно биле првите луѓе кои починале од оваа болест.
-Луѓето од пост-средновековниот период не знаеле како се проширува болеста. Наместо научно објаснување за овие епидемии, колерата и смртта која што произлегувала од неа биле објаснети со натприродни сили во овој случај вампири, вели доктор Лесли Грегоричка од универзитетот од Јужна Алабама.

Според легендите, вампирите можеле да станат од гробот и да им ја пренесат вампирската моќ на своите жртви преку загризување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...