Научниците потврдија: Сè е енергија!

Добитниците на Нобелова награда за физика, меѓу кои е и наградуваниот дански физичар Нилс Бор, успеаа да докажат, надвор од секој сомнеж, дека физичкиот свет е еден огромен океан на енергија која се материјализира и дематеријализира во делче од секунда, секогаш повторно и повторно. Ништо не е цврсто. Тоа е свет на квантната физика.



- Доколку квантната физика ве нема шокирано, значи дека сè уште не ја имате сфатено. Сето она што го дефинираме како реално е составено од работи за кои не може да се каже дека се реални, вели Нилс Бор.

Тие докажале дека токму мислите се она што го собира и држи заедно ова променливо енергетско поле во објекти какви што гледаме.

Па, зошто тогаш гледаме луѓе, наместо растреперена насобрана енергија?

Размислите за филмската лента. Филмот е збир од околу 24 слики во секунда. Секоја слика од другата е одвоена со растојание. Но, со оглед на брзината со која сликите се менуваат, нашите очи се прелажани и гледаат слика која континуирано се движи.

Размислете за телевизијата. Катодната цевка едноставно е цевка со голем број на електрони кои удираат во екранот на одреден начин, создавајќи илузија на обликот и движењето.



Во секој случај, тоа е она што ги сочинува сите објекти.

Ние имаме 5 физички сетила (за вид, слух, допир, мирис и вкус). Секое од тие сетила има специфичен спектар – на пример, кучето слуша поинаков спектар на звуци отколку ние, а змијата гледа поинаков спектар на светлина од нас. Со други зборови, нашиот збир на сетила перцепира море од енергија од одредено ограничено стојалиште, од кое се добива целосната сликата. Но, тоа не е потполно и не е точно, туку претставува само интерпретација.

Сите наши интерпретации се темелат исклучиво на нашата „внатрешна карта“ на реалноста која ја имаме, а не на апсолутната вистина. Нашата „карта“ е резултат на колективните искуства од нашиот личен живот. Нашите мисли се поврзани со таа невидлива енергија и тие одредуваат како таа ќе биде оформена. Нашите мисли буквално ја менуваат Вселената на основа на „честичка по честичка“, креирајќи го вашиот физички живот.



Погледнете околу себе. Сè што гледате во нашиот физички свет започнало како идеја, која растела сè додека не прераснала во физички објект преку низа чекори. Вие буквално станувате она на што најмногу мислите. Вашиот живот станал она што сте го замислувале или во што сте верувале. Светот е буквално ваше огледало, овозможувајќи ви да го доживеете на физички план она што го држите како своја вистина – сè додека не ја промените.

Квантната физика ни покажува дека светот не е непроменлив како што се чини. Наместо тоа, тој е многу флуидно место кое континуирано се гради со помош на нашите индивидуални и колективни мисли.

Она што мислиме дека е вистина, всушност е илузија, речиси магија. За среќа, почнавме да го разоткриваме привидот и што е највашно, како истиот да се промени.

Од што тогаш се состои нашето тело?

Човечкото тело опфаќа девет системи: крвен, дигестивен, ендокрин, мускулен, нервен, репродуктивен, респираторен, скелетен и уринарен систем.



Од што се изградени тие системи? – Ткива и органи.
Од што се изградени ткивата и органите? – Од клетки.
Од што се изградени клетките? – Од молекули.
Од што се изградени молекулите? – Од атомите.
Од што се изградени атомите? – Од субатомски честички.
Од што се изградени субатомските честички? – Од енергија!

Тоа значи дека ние сме чиста енергетска светлина во нашата најубава и најинтелигентна конфигурација. Енергијата постојано се менува под површината, а сето тоа ние го контролираме со нашиот силен ум. Ние сме големи и силни човечки суштества.

Доколку би можеле да се видите под силен електронски микроскоп и да вршите разни експерименти врз себе, би виделе дека сте составени од насобрана вечно променлива енергија во облик на електрони, неутрони, фотони и тн. Таков е случајот и со сето останато во нашата околна.

Квантната физика ни говори дека чинот на набљудување на објектите е она што предизвикува објектот да се наоѓа таму. Објектот всушност не постои независно од својот набљудувач. Па, така, како што може да заклучите, вашето внимание и набљудување насочено кон нешто, како и вашата намера, буквално ја менуваат таа работа. Тоа е и научно докажано.



Вашиот свет се состои од душата, телото и умот. Секоја од трите ставки има функција која е единствена. Она што го гледате со вашите очи и го искусувате со вашето тело е физичкиот свет кој само го нарекуваме Тело.

Телото е ефект, создаден од причина. Таа причина се нарекува Мисла. Телото не може да се создава. Тоа може да доживува и да биде доживеано – тоа е неговата единствена функција.

Мислата, пак, не може да се доживее – таа може да се создаде и интерпретира. Нејзе потребен и’ е светот на релативноста (физичкиот свет, телото) за да може да се доживее.

Душата е она што им дава живот на мислата и телото. Телото нема моќ на создавање, иако дава илузија дека може тоа да го прави. Токму оваа илузија е извор на многу фрустрации кај луѓето. Телото е чист ефект и нема моќ да предизвикува нешто или да создава.

Клучот на сите овие информации е како да го перцепираме Универзумот поинаку отколку што го гледаме сега, така што би можеле да го манифестираме сето она што навистина го сакаме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...