Како да го подмладите мозокот?

Американските истражувачи сугерираат дека процесот на стареење на мозокот може да се забави и за неколку децении, во зависност од тоа што ви е важно – виталност, либидо, помнење, когнитивни способности – и дека не мора задолжително да претрпите големи промени во вашите 70-ти и 80-ти години.



Како може тоа да се постигне?

Сè е до неврогенезата, нашата способност да развиваме нови синапси во мозокот и тоа на континуирано ниво, вели неврологот Мајкл Мерцених од Универзитетот во Калифорнија.

Тој вели дека „подмладениот мозок“ го подмладува и целото наше тело, од кожата до функционирањето на органите. Главната цел е да го тренирате, така што не би атрофирал ниту мозокот, ниту телото.

Мерцених практично „патентирал“ еден од рецептите – смешното одење. Тој смета дека доколку секој ден изведуваме нови и сложени начини да се движиме, мозокот постојано мора да се прилагодува.



- Мозокот сака да носи одлуки и да решава проблеми. Така, за да останете млади, воопшто не треба да му ги олеснувате работите. Постојано треба да го изненадувате и да испробувате нешто ново.

Вежбањето е одлично за општото здравје, но за специфичниот раст на мозокот, истото не смее да прерасне во рутина. Затоа секогаш комбинирајте различни видови на активности – румба, танго, акробатика, па дури и смешно одење.

Исто така, Мерцених предупредува дека луѓето би требало да се откажат од технологијата во одредени ситуации, особено за оние едноставните. И самиот научник пред спиење секоја ноќ поминувал по 5 минути присетувајќи се на деталите кои ги видел на улиците, со цел да се стимулира помнењето. Тој вели дека би требало да се обидеме да ги помниме и броевите на телефоните и е-mail адресите, наместо да барате во телефонот.



Исто така, тој смета дека секој би требало да си го тренира мозокот со игри, медитација, учење странски јазик или да следи некои други курсеви, особено оние за вештини за кои има најмалку талент.

Новото хоби ќе му даде на вашиот мозок доволно напнатост за да го поттикне лачењето на помали количини на кортизол и норадреналин. За разлика од сериозниот хроничен стрес, кој е последица на грижите, ваквиот стрес е одличен за стимулирање на умот.

Да сумираме – ова се дел од начините да ја активирате сивата мозочна маса:

- Анализирајте нови патишта за прошетка секој ден.

- Никогаш не се потпирајте на она на што сте навикнати. Изненадувајте го вашиот мозок и дозволувајте му да одлучува и да решава проблеми.

- Талентот не е важен. Доколку вежбате било која вештина за 10.000 часа, сигурно ќе ја усовршите.



- Престанете да користите GPS и обидете се да помните мапи, броеви на телефони и е-mail адреси.

- Медитирајте барем 20 минути секој ден, а се препорачува тоа да го правите и наутро и навечер.

- Учете нешто во што не сте добри.

- Читајте многу!

- Играјте си и зајакнувајте ги социјалните контакти.

- Пред да одите на спиење, поминете пет минути присетувајќи се на деталите - како на пример каква е куќата на вашиот сосед, или пак, лицето на вашиот пријател.

- Жонглирајте за да ја подобрите моториката и просторната ориентација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...