Најчудниот начин за гарантирано согорување на калории

Веројатно не сте слушнале до сега за почуден, а во исто време поедноставен начин за слабеење – најновите истражувања покажуваат дека ваше е само да се сместите удобно и да си пуштите некој хорор филм, а калориите ќе се согоруваат сами.


A Nightmare on Elm Street

Имено, гледањето на филмови како „Егзорцизмот на Емили Роуз“ или „Ајкула“, во вашиот организам може да согори до 200 калории. Научниците од универзитетот во Вестминстер ја измериле вкупната потрошувачка на енергија на група на доброволни испитаници кои гледале 10 избрани хорор филмови.

Што се случува во организмот за време на гледање на ваквите филмови?

За време на овој необичен експеримент, научниците го мереле пулсот на испитаниците, количината на внесен кислород и ослободениот јаглерод диоксид, преку што откриле дека бројот на потрошени калории во просек се зголемувал за третина во текот на експериментот. Во просек тоа изнесувало 113 калории за време на гледање на 90 минутен хорор филм, што се постигнува приближно со 30-минутна прошетка. Истражувачите воочиле дека најекстремните сцени, кои ги терале гледачите да потскокнуваат од страв, биле најдобри за согорување на калории бидејќи тогаш срцето нагло ја забрзува работата.


The Texas Chain Saw Massacre

- Секој од 10-те прикажани филмови предизвикаа забрзување на пулсот на нашите испитаници. Како што пулсот забрзува, телото чувствува налет на адреналин. Тоа отпуштање на адреналин, кое настанува после кратки периоди на интензивен стрес (во случајов предизвикан од стравот од гледање на хорор филмовите) го намалува апетитот, го забрзува метаболизмот и на крајот ги согорува калориите, изјавува д-р Ричард Мекензи, специјалист за клеточен метаболизам и физиологија на универзитетот во Вестминстер.

Помеѓу најпрепорачаните хорор филмови за согорување на калории се The Shining - кој ќе ви потроши околу 184 калории, A Nightmare on Elm Street - кој ќе ви потроши околу 118 калории, Paranormal Activity - кој ќе ви потроши околу 111 калории и The Texas Chain Saw Massacre - кој ќе ви потроши околу 105 калории.


The Shining



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...