Спречување на смртта со репрограмирана ДНК?

Во светот постојат најразлични типови на животни и други типови на организми кои имаат прилично долг животен век, па единствениот начин да умрат порано од што треба е да бидат убиени или да се разболат.

Од тука се поставува прашањето зошто и човекот не може да го продолжи својот животен век ако желките и јастозите може да живеат повеќе од 130 години?

Досегашните студии покажуваат дека човечките клетки се размножуваат околу 50 пати и потоа запираат, по што започнува процесот на распаѓање кој неминовно води кон смрт. Ова значи дека во суштина биолошки сме програмирани да умреме. Научниците сега се обидуваат да го пронајдат начинот на кој би ги репрограмирале клетките и би ја спречиле смртта од старост.

Експериментите извршени врз црви и глувци покажуваат дека со менувањето на генетскиот код може да се продолжи животниот век. Во телото постојат специфични гени, поради кои растеме и гени кои ни помагаат да го одржиме здравјето и да се справиме со болестите. Целта на репрограмирањето е кога ќе станеме возрасни да можеме енергијата од нашите гени на растење да ја пренасочиме на одржување на телото со што би го зголемиле неговиот животен век.

Сепак, од она што сакаат да го направат научниците, до реалното спроведување најверојатно ќе поминат уште долги години, па затоа сега за сега само нè советуваат да внимаваме на својата исхрана бидејќи е забележано дека кај глувците големиот внес на калории предизвикува намалување на животниот век.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...