Научниците „оживеаја“ сварено јајце

Научниците од Калифорнија и Австралија најдоа начин да ги одмотаат испреплетените протеини и да ги вратат во првобитниот облик.

Па така сега буквално можат да „оживеат“ сварено јајце, односно да го вратат во првобитната состојба. Ова достигнување може да ги намали трошоците за лечење на ракот, производството на храна како и истражувањата во биотехнолошката индустрија.

Тимот кој што работеше на проектот ја покажа постапката врз јајце, но за време на експериментите се користени и други типови на протеини. Пред да се свари, белката на јајцето е проѕирна и истото е богато со протеини. По варењето овие протеини започнуваат да се одмотуваат за да формираат поцврста сврзувачка структура, па така она што на почетокот од варењето е проѕирно потоа добива бела боја.



Процесот кој што го изведоа научниците има две фази. Во првата фаза е користена супстанца која сварената белка ја враќа во течна состојба, додека во втората е употребен уред наречен „vortex fluidic device“ кој овозможува испреплетените молекули на протеините да се одвојат и вратат во нормална состојба.

Научниците веруваат дека нивното откритие ќе заштеди пари и време во многу процедури, меѓу кои се и оние кои се поврзани со лечење на ракот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...