Дали го гледате она што мислите дека го гледате?

Повеќето од нас можат да ја препознаат возраста, идентитетот и полот на личноста само од еден поглед. Сепак, голем дел од она што го гледаме е базирано врз основа на контекстот на кој го гледаме, а нашите мозоци мошне вешто можат да нè измамат да го видиме она што реално не постои.

Тоа лесно можете да го докажете гледајќи ја фотографијата во прилог на која има две црвени точки. Кога ја гледате првата точка од левата страна го забележувате Бил Клинтон, а од десната Џорџ Буш.

Вторите две лица на прв поглед изгледаат идентично, но кога гледате во втората црвена точка имате впечаток дека од левата страна го гледате Џорџ Буш, а од десната Клинтон.

Илузијата која што е пред вас во суштина е пример за феноменот наречен сензорна адаптација. Научниците ја создадоа оваа слика со цел да дознаат што се случува во човечкиот мозок кога личноста ги меша лицата.

Тие веруваат дека кога невроните регистрираат слика од надворешниот свет, активно ја конструираат сликата врз основа на контекстот. За да ја тестираат својата претпоставка научниците од универзитетите во Лестер и Калифорнија , поставија жици во мозоците на неколку испитаници и го мониторираа однесувањето на клетките. Прво е снимена активноста на клетката додека испитаникот гледа слика од Клинтон. Потоа е снимена нејзината активност додека гледа слика од Буш и е забележано дека нема реакција. Според активноста е забележано дека клетката ја преферира сликата на Клинтон од онаа од Буш. Веднаш потоа на испитаникот му е покажана сликата која е две во едно и е запрашан кој претседател го гледа.

Испитаникот почесто го гледа лицето на Клинтон, отколку она на Буш иако последното лице кое го видел е она на вториот претседател.

-Кај 62 неврони од 10 испитаници, одговорот на модификуваната слика е мошне посилен кога испитаникот го препознава она лице кое го преферира невронот, отколку она лице на кое не реагира, вели Кристоф Коч, еден од научниците кои работат на проектот.

Ова докажува дека мозокот создава моќен процес во кој ги формира сликите врз основа на околината и понекогаш она што го гледаме е само израз на нашата фантазија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...