Зеленчук кој го подмладува мозокот за 11 години

Американските научници потврдиле дека консумирањето на зелен лиснат зеленчук го штити и подмладува човечкиот мозок.



Научниците од Американскиот Универзитет во Чикаго, спровеле истражување за влијанието на спанаќот на мозочните клетки на 850 луѓе на возраст од 81 година.

Истражувањето е базирано на анализа на нивните ментални способности и навики во исхраната. Истото покажало дека оние кои секојдневно консумираат спанаќ и друг зеленчук со зелена боја имаат до 11 години „помлад“ мозок, за разлика од оние кои не ги консумирале ваквите намирници.

Укажувајќи на лековитите својства на зелениот зеленчук, кој е богат со витамин К, бета-каротен, како и различни антиоксиданси, научниците препорачуваат консумирање на овие намирници заради нивното позитивно дејство во превенција на бројни заболувања, меѓу кои е и Алцхајмеровата болест.



Резултатите од истражувањето биле презентирани на Конференцијата на експериментална биологија во САД.

Претходно, шведските научници преку истражувања потврдија дека консумирањето на зелениот зеленчук помага и за зајакнување на мускулите, што е претходно презентирано во цртаните, како на пример во познатиот Попај, кој својот бесен ривал го совладуваше со консумирање спанаќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...