Револуционерно откритие во медицината ja спречува смртта!

Со помош на експеримент врз лабораториски стаорци, научниците успеале да дојдат до револуционерно откритие кое спречува да настапи смртта!

Во последните мигови пред да настапи смртта, клучната улога во шансите за преживување ја игра срцето. Доколку истото престане да чука, крвта ќе престане да тече, додека остатокот од телото ќе се „изгаси“.



Сепак, новото истражување кое е спроведено на медицинскиот факултет на Универзитетот во Мичиген, САД, открило изненадувачки факт кој укажува на тоа дека е многу веројатно погрешно да мислиме.

Прочучувајќи ја активноста на мозокот и срцето кај лабораториските стаорци во моментите пред да умрат од недостаток на кислород, научниците откриле дека нивниот мозок му испраќа наплив од сигнали на срцето кои предизвикуваат трајни и неповратни оштетувања на тој орган, што всушност и предизвикува смрт на животното.

Кога сигналите кои ги испраќа мозокот биле стопирани, срцето и понатаму живеело, што значи дека доколку сличен механизам би делувал кај луѓе, лекарите би можеле да им помогнат на луѓето да преживеат застој на срцето.

- Луѓето природно се фокусираат на срцето, мислејќи дека доколку истото се спаси, ќе се спаси и мозокот. Сепак, доколку ги прекинете хемиските сигнали помеѓу срцето и мозокот, ќе го спасите срцето, што е против секоја позната медицинска пракса, вели неврологот Имо Борјиџин, чиј тим во 2013-та година воочил дека сигналите кои мозокот ги испраќа најверојатно тоа го прават од очаен обид да се спаси срцето.



Тој дури верува дека тој „рафал“ на сигнали од мозокот е одговорен за бројни ситуации во кои луѓето кои биле клинички мртви, односно во ситуации каде срцето престанало да им работи, а мозокот и понатаму испраќал сигнали.

Во истражувањето, чии резултати биле објавени во списанието „Proceedings of the National Academy of Science“, научниците предизвикувале срцев удар кај стаорците давајќи им смртоносни инјекции и труејќи ги со јаглерод диоксид.

Потоа ја снимале мозочната активност со помош на електроцефалографија (EEG), како и срцевата активност со помош на ехокардиографија (ECG). Биле мерени сигналите на хемикалиите присутни во мозоците и срцата на стаорците.

Кога срцето и мозокот станувале синхронизирани, научниците забележале поплава од бројни невротрансмитери, како допамин, кој предизвикува чувство на пријатност и норадреналин, кој предизвикува чувство на будност. Таа состојба би можела да објасни зошто луѓето кои имаат искуство од „онаа страна“, често го опишуваат како пореално од реалноста.



Кај стаорците, активноста на срцето и мозокот останувала синхронизирана се додека срцето не дошло во состојба на вентрикуларна фибрилација, во која срцевите комори влечат наместо да пумпаат крв.

Кога научниците ја запирале таа хемикалија која оди од мозокот до срцето, тоа ја одложувало вентрикуларната фибрилација, а стаорците преживувале три пати подолго отколку оние кај кои сигналите не биле блокирани.

Сепак, Борјиџин истакнува дека сето ова што е откриено важи за староците, а допрва треба да се покаже дали истото може да се примени и врз луѓето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...