Земјата е на работ на шестото истребување

До крајот на овој век, речиси половина од животните видови на Земјата ќе изумрат поради луѓето. Тогаш ќе се случи шестото масовно истребување – исто како и диносаурусите кои исчезнаа пред 65 милиони години откако астероид удри во нашата планета. Само што овој пат, ние сме астероидот, смета авторката Елизабет Колбер.



- Ние одлучуваме кои еволуциони патеки кои ќе останат отворени, а кои засекогаш ќе ги затвориме. Ниту едно друго суштество не успеало во ова, но за жал, по се изгледа тоа е нашето наследство, пишува Елизабет во нејзината книга „The Sixth Extinction“.

Елизабет го следи нашето сфаќање за истребувањето кое за прв пат се претставува како теорија од 1740-тите до денес, со која повеќето научници се согласуваат дека можеби токму луѓето се главната причина за истребувањето.

Кога научниците почнале да ги истражуваат старите коски од животните, нивната првична цел била да ги идентификуваат како видови кои веќе постоеле. Во 1739 година, кога една група на истражувачи ги ископале првите коски од мастодон, претпоставиле дека барале остатоци од две различни животни – слон и нилски коњ.



Во ова се верувало се додека Французинот Жорж Кувиер не го даде своето мислење дека коските припаѓаат од „светот пред нас“ за кои истражувачите пред тоа сметаа дека видовите постоеле и потоа исчезнале.

Оваа реализација треба да ја разбуди идејата дека нашето влијание врз планетата има сериозно вплеткување. Една од најголемите причини е климатската промена, но свој придонес имаат и модерното земјоделство и брзо растечката популација, смета Елизабет. Луѓето го убиваат животот околу нас преку затоплување на планетата, воведувањето нови видови од различни региони и брзото ширење на досегашните вируси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...