Депресијата ја менува нашата ДНК?

Британските научници најдоа докази дека депресијата освен тоа што влијае врз работата на нашиот мозок може да направи промена и на ДНК-та и начинот на кој клетките генерираат енергија.

Истражувајќи ги геномите на 11,500 жени научниците забележале метаболични промени во клетките кои се предизвикани од нивната депресивната состојба. Најзначајно откритие е тоа што жените кои имале депресија предизвикана од некое трауматично искуство од детството поседуваат повеќе митохондријалната ДНК од оние жени кои немаат таква депресија. Митохондриите ја снабдуваат клетката со енергија, па зголемувањето на митохондријалната ДНК ги наведува научниците на заклучокот дека стресот прави промена во самите клетки. Освен во митохондриите е забележана промена и во краевите од хромозомите.

Научниците ја тестирале својата теорија за поврзаноста помеѓу депресијата и ДНК-та врз лабораториски глувци, по што потврдиле дека оние глувци кои биле изложени на повеќе стрес имаат зголемена митохондријалната ДНК. За среќа промените кои што се случуваат во клетките се делумно реверзибилни. Тимот се надева дека во иднина набљудувањето на митохондријалната ДНК ќе помогне во откривањето дали некоја личноста ја надминала траумата.

-За сега знаеме само за поврзаноста на молекуларните маркери и депресијата. Сакаме да дознаеме како се менуваат во текот на времето, пред, за време и по депресивната состојба. Таа информација ќе ни каже многу за нивната клиничка употреба, вели главниот генетичар на тимот, Џонатан Флинт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...