Како ќе изгледа светот кога целиот лед ќе се растопи?

Растопувањето на ледот кој моментално се наоѓа на нашата планета би донел само негативни последици. Лондон и Биг Бен под вода, Венеција исто така. Јадранското море ќе ги проголта Истанбул, Стокхолм, Санкт Петербург, Брисел, Барселона и многу други градови. Данска и Холандија веќе ќе ги нема.

Штетата која ја предизвикува човештвото со глобалното затоплување преку испуштањето на сè поголеми количини јаглерод диоксид во атмосферата не може да се поправи, а научно е докажан фактот дека нивото на светските океани од година во година сè повеќе се зголемува.

Научниците се согласуваат дека со ова темпо до крајот на овој век, нивото на морињата ќе се подигне најмалку за метар и половина. Колку вода содржи ледот кој се наоѓа на копното, најдобро е прикажано на мапата направена од National Geographic. Имено, научниците пресметале дека ако дојде до топење на ледот од планетата, нивото на морето ќе се подигне за неверојатни 66 метри!



На Земјата се наоѓаат вкупно 21 милион кубен километар лед, а ако човештвото продолжи да ослободува јаглерод диоксид, ќе бидат потребни околу 5.000 години сè да се потопи. Сепак, научниците предупредуваат дека дури и зголеменото ниво од неколку метри предизвикува огромна и непоправлива штета.

Ако создадеме услови на планетата да нема лед, просечната температура на Земјата ќе изнесува 27°С, наместо сегашните 15°С.



Во тој случај, големите површини на Централна Америка, појасот на Мексиканскиот залив, Карибите и Калифорнија ќе се потопат. Северните делови на Канада и Флорида нема да постојат. Крајбрежјето на Јужна Америка ќе се наоѓа на дното на океаните, а тековите на големите реки ќе се излеат во околното земјиште.

Африка ќе претрпи најмала промена со релативно мали потопени површини, претежно на запад. Европа каква што сега ја знаеме, нема да постои.



Шведска, Финска, Данска, Балтичките држави, северна Германија и Полска, Холандија, Белгија и источниот дел на Велика Британија, западното крајбрежје на Франција, северна Италија, голем дел на Романија, јужна Украина и Крим, ќе бидат поплавени.



Морето ќе ги проголта и Санкт Петербург, Стокхолм, Копенхаген, Лондон, Хамбург, Амстердам, Хелсинки, Истанбул, Венеција, Одеса, Брисел, Барселона и многу други градови со илјада години стара историја и култура.



И во Азија последиците ќе бидат катастрофални. Источните делови на Индија, Бангладеш, југоисточна Азија, Филипинскиот архипелаг, источното крајбрежје на Кина со Шангај и Пекинг ќе станат дел од водите на Индискиот и Тихиот океан.



Површински, Австралија нема да изгуби многу, но доволно е да знаеме дека ќе исчезне прикрајбрежниот појас на кој моментално живеат четири од пет жители на тој континент. За Антарктикот е излишно да зборуваме – ќе изгуби повеќе од половина површина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...