Први фотографии на Плутон во боја

Вашингтон, 23 јуни 2015 (МИА) - Американската агенција за истражување на вселената ги објави првите фотографии на Плутон и неговиот најголем сателит. Квалитетот на фотографиите, за жал, не е на задоволително ниво, но НАСА ветува дека најдоброто допрва следува.

НАСА собра голем број фотографии во текот на мисијата New Horizons додека се приближувала кон ледената џуџеста планета, се наведува на блогот на мисијата.



Серијата фотографии направена е во текот на пет дена во три бои: сина, црвена и приближно инфрацрвена. Потоа тие се споени за да се направат две снимки кои се повторуваат, на кои се гледаат Плутон и неговиот најголем стаелит Харон.

Плутен е џуџеста планета, шест пати помала од Земјата, што е и причина заради која е исклучена од списокот на „вистински“ планети на Сончевиот систем во 2006 година кога е ревидирана дефиницијата за „планета“.

Сепак, таа орбитира околу Сонцето и една е од најголемите небесни тела во Којперовиот појас - област во форма на диск позади планетата Нептун која содржи голем број мали тела кои главно се составени од мраз.

Плутон има пет познати сателити. Најголемата Плутонова месечина Харон повремено го викаат и Плутонова „планета близначка“ тие имаат синхрона ротација, секогаш со исти страни свртени една кон друга околу заедничкиот центар на гравитацијата и заедно кружат околу Сонцето, а им се потребни околу 247 години да го заобиколат.



- Многу е возбудливо да се видат Плутон и Харон во движење и во боја, изјави лидерот на експедицијата Алан Стерн.

- Дури и во ваква лоша резолуција може да се види дека Плутон и Харон се со различни бои. Плутон со беж-портокалова, додека Харон сив. Зошто тие се толку различни е повод за дискусија, ги пренесува блогот зборовите на Стерн.

Резолуцијата ќе биде се подобра, ветуваат специјалистите на НАСА, како што вселенското летало New Horizons се повеќе ќе се доближува до Плутон. Тие би требало да дојдат на оддалеченост од 12.500 километри од површината на 14 јули оваа година. 

New Horizons е прва мисија кон Плутон во историјата. Водена е од Лабораторијата за применета физика на Универзитетот Џонс Хопкинс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...