Се разбуди црната дупка, која не е активна 26 години, се наоѓа на 8.000 светлосни години од Земјата и е поголема од Сонцето за 12 пати.
Научниците сега користат високо софистицирани инструменти за да научат колку што можат повеќе за оваа мистериозна дупка на природата, пред да се врати во претходната состојба.
- Во однос на животниот век, овие ерупции на црните дупки се многу ретки. Па, кога забележуваме ерупција, се обидуваме да ги употребиме сите наши инструменти за да дознаеме повеќе работи, изјави Неил Герелс, кој прв го забележа активирањето на дупката.
Црните дупки се многу густи, масивни објекти во вселената кои имаат силно гравитационо поле, кое ги привлекува сите работи што се приближуваат, вклучувајќи ја и светлината.