ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ЗАМРЗНАТИОТ СВЕТ

Неверојатните први фотографии од Плутон откриваат мистерии

На Плутон постојат планини составени од мраз и високи како Карпестите планини во САД, покажаа фотографиите кои ги сними сондата New Horizons.

Научниците вчера ги објавија првите фотографии кои сондата New Horizons ги сними на историскиот лет покрај џуџестата планета.

Со помош на фотографиите откриени се и знаци на геолошка активност на Плутон и неговата месечина Charon.

Вселенското летало помина покрај Плутон во вторникот и му се приближи на 12.500 километри со што собра и многу податоци за планетата за која човешството досега не знаеше многу.

Научникот Џон Спенсер на новинарите им рече дека првите снимки од површината на Плутон откриваат терен кој на површината се појавил благодарение на некој геолошки процес, како вулкан, пред најмалку 100 милиони години.

- Не најдовме ниту еден кратер од удар на комета, што значи дека станува збор за многу млада површина која е прекриена со мраз, додаде тој.

Снимките покажуваат и планини на рабовите на срцеликата површина повисоки од 3300 метри, а НАСА тие ги спореди со Карпестите планини во САД.

- Плутон има површина на која се одвиваат бројни геолошки активности, а некои показатели упатуваат и на постоење тектонски движења, слични како на нашата планета, пишува британскиот Telegraph.



Американското вселенско летало помина 4,88 милијарди километри за време на патувањето од Земјата до Плутон кое траеше девет и пол години.

Научниците веќе сега знаат дека Плутон, некогаш сметан за деветта и најоддалечена планета од Сонечевиот систем , е поголема отколку што се мислеше, со дијаметар од 2370 километри, што е околу 80 километри повеќе отколку што се мислеше порано.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...