Први фотографии од Плутон во боја: Се уште не сте виделе ништо

Вселенската сонда New Horizons успешно помина покрај Плутон

Сондата која ја лансираше НАСА во 2006 година, ја приведе при крај својата десетгодишна одисеја и пролета најблзу до тоа небесно тело на оддалеченост од 12.500 километри и почна да праќа први податоци за таа таинствена планета.

- Со леталото се е во ред, ги забележавме податоците за составот на Плутон и моментно сондата се оддалечува од Плутон, изјави Алиса Бауман, директорка на мисијата.

Првите податоци од сондата дојдоа во предвиденото време, а ги примија научниците во контролниот центар во Лабораторијата за применета физика при Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Балтимор во Мериленд.



Се работи за податоци за положбата на сондата, кои укажуваа дека со неа се е во ред. Потоа е проверен системот на сондата, а сите податоци покажуваа дека нема никакви дефекти.

Пораката пратена од положбата на сондата во системот на Купер оддалечен три милијарди милји ја прими антената во Мадрид, а потоа беше проследена во контролниот центар.

- Токму како што планиравме, вели Бауман.

New Horizons минатиот вторник најмногу се приближи до Плутон на 12.500 километри и мина повеќе од осум часа во низа експерименти поврзани со атмосферата на планетата.

Сондата исто така ја снимала и нејзината ноќна страна со помош на светлата кои се рефлектирале од месечината Шарон на Плутон. Сондата сега е толку далеку што на радио сигналите, кои се движат со брзина на светлината, за тој пат до Земјата им се треба четири часа и 25 минути.



Следните денови New Horizons продолжи да ги праќа забележаните податоци, а научниците најавуваат дека досега пратил само мал дел од она што го забележал. За праќање на собраните податоци ќе бидат потребни 16 месеци.

- Се уште не сте виделе ништо! Денешната снимка само е последна во фотоалбумот на New Horizons, соопшти НАСА објавувајќи ја снимката од Плутон.

НАСА веќе ги објави првите фотографии во боја од Плутон и Шарон. Кога се работи за Плутон, најголемо откритие е дека планетата е во две бои. Тие покажуваат различни геолошки и морфолошки знаци.

- Некои подрачја се релативно стари, додека други се млади и поминуваат низ геолошка промена, изјави Џеф Мур од НАСА.

Повеќе податоци од Плутон ќе бидат познати откако ќе стигнат стереографските податоци. Кога се работи за Шарон, се претпоставува дека големата дамка со црвена боја на неговата површина всушност дошла од Плутон.



- Шарон нема атмосфера, колку што за сега е познато, вели Вил Гранди, член на контролниот центар. Наспроти тоа, неговата гравитација привлекува честички од кислород од Плутон.

Откако сондата пролета покрај планетоидот од мраз и карпи и неговата група од пет месечени, на Твитер се огласи и самиот претседател Барак Обама.

- Плутон штотуку го прими својот прв посетител. Благодарам НАСА. Ова е голем ден за откритијата и за американското водство, напиша Обама во пораката.

Научниците веќе сега знаат дека Плутон, порано сметана за девета најоддалечена планета на Сончевиот систем, е поголема од што се сметало, со размер од 2370 километри, што е околу 80 километри повеќе од претходните проценки.

Сондата не може да влезе во орбитата на Плутон поради неговата густа атмосфера, па мора да ја набљудува од далеку.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...