Фотографиите што ги прави Mars Curiosity Rover и понатаму предизвикуваат дебати околу тоа дали на црвената планета има вонземјани или не.
Разгледувајќи ги материјалите од роверот еден YouTube корисник забележал интересна глетка која многу наликува на скелет од нешто. За многумина ова е сигурен доказ дека на Марс има или имало вонземјани, додека за други и само уште една карпа со необичен облик поради која не би требало да се крева прашина.
Што мислите?