Руска ракета пристигна на Меѓународната вселенска станица

Москва, 23 јули 2015 (МИА) - Руската ракета-носач „Сојуз“ со астронаути од Русија, Јапонија и САД, денеска шест часа по лансирањето, се спои на Меѓународната вселенска станица, објави тв станицата на американската вселенска агенција НАСА.



Капсулата во 4.45 часот по централноевропско време се поврза со вселенската станица, која се наоѓа на 400 километри над земјата.

Астронаутите Олег Кононенко од Русија, Кјел Линдгрен од САД и Кими Ју од Јапонија полетаа од рускиот космодром во Казахстан „Бајконур“ синоќа во 23.02 минути.

Еден соларен уред кој собира сончева енергија не е активиран на време, но тоа не влијаело на летот бидејќи другите функционирале, наведе НАСА.

Ракетата пристигна во орбитата 15 минути по лансирањето и ја обиколи Земјата четири пати пред да се спои со вселенската станица.

Научници ширум светот, како и сите вљубеници во вселената, синоќа го набљудуваа лансирањето, извршено два месеца откако рускиот вселенски товарен брод без човечки екипаж „Прогрес“ изгоре во атмосферата кога руски инженери од Земјата изгубија контрола врз него. Причина за пад на „Прогрес“, според руски инженери, бил дефект на ракетата „Сојуз“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...