Астронаутите во МВС добија вселенска салата на менито

Вашингтон, 11 август 2015 (МИА) - На менито на астронаутите на Меѓународната вселенска станица (МВС) новина е салата направена на станицата, што претставува прва конзумирање билка одгледана во орбитата, пишува „Вашингтон пост“.



Експериментот на НАСА е почнат минатата година под наслов Вег-01, со цел да се проучи дали во орбитата е можно да се одгледуваат семиња од некои билки, што би можело да биде корисно за астронаутите за некои идни мисии на оддалечените планиети, како на пример, Марс.

Астронаутите првпат ќе можат да го пробаат она што го засадиле на станицата. Имено, стаклената градина на МВС постои уште од 2002 година и нејзината крајна цел беше да се утврди дали може во микрогравитацијата да се одгледува храна за јадење. Но, на екипажот досега од безбедносни причини не му беше дозволено да вкусат од билките одгледувани во Вселената.

Во склоп на системот Вег-01 се користат однапред подготвени семки кои растеле под зелени, сини и црвени ЛЕД светилки, поради што листовите од салатите се со пурпурно-зелена боја.

Уште минатата година билките успешно се одгледуваа на тој начин, но прво мораше да бидат вратени во Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида за да можат научниците да потврдат дали во целост се сигурни за конзумирање. Бидејќи добиле „зелено светло“, астронаутите ја повториле постапката и сега ќе уживаат во плодовите на нивниот труд.

- Познато е дека свежите намирници, како домати, боровинка и салати се одличен извор на антиоксиданси. Да се има при рака свежо овошје и зеленчук од вакви вселенски градини би можело да има одлично влијание на општата состојба и расположение на астонаутите и да им се овозможи заштита од вселенската радијација, вели Рај Велер од Центарот „Кенеди“.

Освен за потребите на исхраната, занимавањето со градинарство е добро и за психолошката состојба на жителите на МВС, бидејќи потсетува на животот на Земјата, сметаат научниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...