КАКОВ ЌЕ БИДЕ ОПСТАНОКОТ?

Астрономите одговорија: Што ќе се случи во моментот кога ќе згасне Сонцето?

Сонцето е околу 333 пати поголемо од Земјата, а во секоја секунда произведува енергија како експлозија од 100 милијарди хидрогенски бомби. Поради својата маса, неговата гравитациска сила е онаа која доминира во нашиот соларен состав, во кој кружат 9 планети. Во истиот момент, Земјата обезбедува топлина и ни овозможува пристап до вода за пиење, без која не можеме да живееме. Она што многумина се прашуваат е што би се случило кога Сонцето ќе ја изгуби својата моќ и ќе престане да ја осветлува нашата планета? Што би чувствувале ако Сонцето исчезне?



Она што ни изгледа како нерешливо прашање всушност е предмет на долги истражувања, а на тоа прашање одговорот го барал и Алберт Ајнштајн. Она што го знаеле научниците и пред него, но за тоа немале доказ, е дека сончевата гравитација влијае врз Земјата.

Осум минути до апокалипса

Според новите теории, ако Сонцето згасне, Земјата како и останатите планети во Сончевиот систем, во ист момент ќе почнат да лебдат во вселената, без одредена насока. Токму тоа би значело крај на сончевиот состав кој го знаеме.

Што се однесува до светлината, познато е дека таа патува со брзина од 300.000 км во секунда, а за да дојде до Земјата потребни и се околу 8 минути. Тоа значи дека луѓето на Земјата ќе ја гледаат светлината и по 8 минути од згаснувањето на Сонцето. Но, гасењето на Сонцето, тврдат научниците, токму поради неговата гравитација која ќе престане да делува, ќе ја почувствуваме пред да исчезне светлината. Така мислеле научниците пред Ајнштајн.



Но, како што објаснил и самиот Ајнштајн во претставувањето на својата теорија на релативноста во 1915 година, гравитациската сила сепак не е константна, уште повеќе, таа патува со еднаква брзина како и светлината. Ако го земеме тоа во предвид, гасењето на Сонцето нема да го почувствуваме уште 8 минути од моментот на делувањето. Цели 8 минути ќе останеме да живееме безгрижно, без да знаеме дека за кратко време ќе се случи апокалипса.

Според истражувањата, сепак нема да останеме во целосен мрак. Останатите ѕвезди ќе продолжат со својата активност, а светлина ќе имаме од електричната енергија, која нема да исчезне. Останатите планети ќе бидат видливи уште некое време. Јупитер е оддалечен од Земјата доволно за да може да се гледа уште еден час, колку што би требало да стигне светлината од Сонцето до неговата површина. Сончевите зраци потоа би се рефлектирале на Земјата, што уште некое време би се обезбедувало светлина на нашата планета.

Одржување на живот

Она за што секој би требало да води сметка е за опстанокот на живот на Земјата. Ќе имаме светлина која ќе ја произведуваме, но прашање е колку воздух ќе ни остане. Поради недостаток на сончевата светлина, главниот елемент за фотосинтеза, дури и најмалите билки ќе исчезнат за неколку дена, а шумите нема да произведуваат кислород. И не само кислород, би снемало и храна. Ако на некој начин и успееме човечкиот живот да го одржуваме на Земјата без Сонцето, ќе останеме гладни и жедни. Температурата на Земјината површина во првите недела дена ќе падне само до половина степен, но до обележувањето на првата година без Сонцето, температурата би можела да се намали за 65°С.



Со падот на температурата, океаните ќе почнат да замрзнуваат, а со тоа и Земјата ќе стане леден свет. Но, баш како и во зимскиот период кога замрзнуваат езерата, ледена покривка ќе се создаде само на површината, а останатите длабочини нема да се заледат. Тие ќе се греат од подводните гејзери.

Ако човечкиот вид на некој начин го преживее ова апокалиптично сценарио, тоа би било можно само на морското дно во близина не геотермалните извори. Тој живот ќе биде мрачен, тажен и осамен, па тешко е да се предвиди какви ќе бидат луѓето и како ќе живеат под такви услови. Дека тој живот е можно да се одржува, сведочат и бројните морски животни кои милиони години преживуваат, поради тоа што на нивниот организам не му треба сончева светлина, а храна и енергија добиваат од геотермалните извори.

Има и надеж

Според заклучоците од бројните истражувања, површината на ледената кугла во која би се претворила Земјата, би можела да стане рај за вонземските микроби. Но, постои и надеж. Астрономите пресметале ако Земјата остане без своето Сонце, постои можност да продолжи да се движи во вселената кон некое друго сонце, кое би можело да не привлече во неговото гравитациско поле.



Во овој момент, Земјата се движи околу Сонцето со брзина од 107.826км на час. Ако Сонцето исчезне, а неговата гравитација исчезне, Земјата ќе продолжи да се движи со иста брзина. Според пресметките, потребни и се околу 43.000 години да помине 4.3 светлосни години, оддалеченост на која се наоѓа другата најблиска ѕвезда, после нашето Сонце.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...