Ретка појава: Помрачување на Супермесечина

Речиси 32 години не се случило помрачување на Супермесечина, а истиот феномен нема да го видиме ни во следните 18 години, поради тоа – спремајте се!

Лунарното помрачување се случува кога Земјата се наоѓа меѓу полна Месечина и Сонцето. Сенката од Земјата ја покрива Месечината, која најчесто е во црвена боја, па од таму и прекарот „Крвава месечина“.

- Црвената светлина врз Месечината е всушност сончева светлина која успеала да стигне до Месечината преку Земјината атмосфера, изјави Алан Мекроберт од магазинот „Sky and Telescope“.



Помрачувањето ќе се случи на Супермесечина, односно во период кога Месечината е поголема и посветла од вообичаено, бидејќи е поблиску до Земјата. Токму таа ноќ, Месечината ќе биде за 14% поголема од нормално, објаснуваат од НАСА.

Она што е мошне интересно е дека ова помрачување ќе се гледа и од кај нас, исто така и од Северна и Јужна Америка, целата Европа и Африка, како и делови од Западна Азија. На 28 септември почнувајќи од 2 часот по полноќ, па сè до 6 часот наутро, подгответе се да уживате во таа глетка. А ако имате добри фотоапарати, слободно тргнете се од загадените градови, качете се на некое повисоко место и фотографирајте.



Помрачувањето не е воопшто штетно, како што е случај со Сонцето, па нема да ви бидат потребни специјални очила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...