Дали НАСА ја крие вистината за Плутон?

Дали по веста за тоа дека на Марс е пронајдена вода, Американската вселенска агенција подготвува да објави уште една спектакуларна вест овој пат поврзана со Плутон?

Водачот на „Нови хоризонти“ мисијата што го истражува Плутон, Алан Стерн, ги подгреа гласините откако за време на едно од своите предавања изјави дека „светот живее“ и дека „2015-та ќе биде година запишана во учебниците “.

-НАСА сè уште не ми дозволува да ви откријам што ќе ви кажеме во четврток. Сепак, тоа е нешто неверојатно, изјави Стерн. Тоа беше сосема доволно за да започнат најразлични типови на шпекулации од тоа дека и на Плутон има вода до тоа дека се пронајдени некакви облици на живот.

Во меѓувреме на официјалниот Twitter профил на НАСА излезе информација дека станува збор за лажна гласина, односно дека деновиве нема да има никакво важно соопштение поврзано со Плутон. Сепак, агенцијата не негираше дека научниците откриле нешто необично на планетата.

„Нови хоризонти“ мисијата на НАСА имаше задача да ја набљудува и проучува џуџестата планета и нејзините сателити со помош на сонда која прелета покрај Плутон во средината на јули годинава.

За сега се симнати само 10 проценти од податоците на „Нови хоризонти“ леталото, што значи дека многу нешта допрва ќе се дознаат откако ќе бидат добиени сите фотографии што ги направи леталото за време на својата мисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...