Камерите на Касини снимија гејзер на Енкеладус

Камерите на вселенската сонда Касини снимија во гроплан еден од гејзерите на месечината на Сатурн, Енкеладус.

Американската вселенска агенција (НАСА) објави фотографии од малиот леден природен сателит на Сатурн.

Сондата зумирала низ водената пареа и честичките мраз кои избиваат од потповршинскиот океан Енкеладус.

Американско-европската сонда Касини била на оддалеченост од 45 километри од јужната поларна област на месечината, движејќи се со брзина од приближно 30.500 километри на час.

Мерењата на гејзерот се уште пристигнуваат од Касини, која орбитира околу Сатурн и потребни се две недели да се анализираат податоците.

Научниците веруваат дека под заледената површина на Енкеладус се наоѓа глобален океан со течна вода.

Енкеладус е откриена од германско-британскиот астроном Вилхелм Јершел во 1789 година, а името го доби по гигант од грчката митологија.

Сондата Касини е лансирана во 1997 година како здружена мисија на вселенските агенции НАСА/ЕСА/АСИ, а нејзината задача е да го проучува Сатурн и неговите сателити.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...