На петок 13-ти: Врз Земјата ќе се сруши голем непознат објект

Денес, на петок 13-ти, мистериозен објект се упатува кон нашата планета, но научниците велат дека нема потреба од страв. Астрономите кои го забележале објектот, наречен WT1190F сметаат дека е премногу светол за да биде вселенска карпа. Мислат дека најверојатно е дел од напуштена вештачка ракета.



Сепак, поради неговиот неколку метражен дијаметар, претставува опасност за секој жител на планетата, сметаат од ЕВА. Деловите од објектот кои нема да се запалат во вселенската атмосфера, ќе влезат во нашата планета на околу 100км оддалеченост од Шри Ланка.

- Шоуто ќе биде спектакуларно, со оглед на тоа дека ќе го осветли небото, стои на официјалната веб-страна на ЕВА.

Ова ѓубре е забележано уште на 3 октомври, но и пред една година во февруари. Сепак, тогаш не било ни приближно до Земјата. Астрономите сметат дека преку ова ќе ја тестираат нивната подготвеност за напади.


Претпоставениот пат по кој ќе се движи објектот

- Ова е идеална можност да ја тестираме нашата подготвеност за некои идни атмосферски „напаѓања“, вклучувајќи и астероид, со оглед на тоа дека компонентите од ова сценарио се многу слични, смета астрономот на ЕВА, Марко Мичели.

Тие не се сигурни дали се работи за дел од вештачка ракета, но ако се претпостави дека е тоа, Џонатан Мекдовел смета дека тоа ќе биде „историско парче кое не прогонува“. Тие сметаат дека објектот WT1190F ќе влезе во атмосферата на земјата во 18:20 часот и тоа над Индискиот океан. Сепак, само жителите на јужните провинции во Шри Ланка ќе имаат можност да го видат. Што се однесува до оние кои сепак сакаат да го следат во живо, тоа можете да го направите на следниот линк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...