Ова е Плутон – „облечен“ во многу живи бои од вообичаените бели, сиви и песочни нијанси.
Тимот на New Horizons употребил техника наречена анализа на основната компонента за да ја изработат на посебен начин фотографијата направена на 14 јули од камерата на Ralph/MVIC. Нивната цел била да ги засилат истанчените сенки меѓу регионите во Плутон, а резултатот од тоа е еден психоделичен свет со повеќе бои, интересни за набљудување.