Лунарен ровер од Audi

На интернационалниот автомобилски саем во Детроит, германскиот производител на возила Audi го претстави својот лунарен ровер (со погон на сите 4 тркала) наречен Audi Lunar Quattro.

Целиот проект е дел од Google Lunar XPrize иницијативата започната уште во 2007-ма, чија цел е да се поттикнат компаниите и претприемачите да креираат (прифатливи) можности за пристап на Месечината и подалеку. Како дополнителна мотивација е и наградата од 30 милиони долари за оној што ќе успее да однесе робот на Месечината кој ќе биде способен да помине барем 500 метри на нејзината површина.

Part Time Scientists (интернационален тим со над 70 членови од 3 континента) во партнерство со Audi, го создале овој ровер (скоро целосно изработен од алуминиум и титаниум) исклучиво со 3D принтање. Тоа им овозможило, иако некои негови делови се со дебелина од само 1мм, да низ нивната шуплива структура и специјални канали го изведат/протнат ожичувањето – нешто што би било невозможно доколку деловите биле изработувани со стандардниот CNC (Computer Numerical Control ) процес.



Тимот зад овој ровер сака да креира и 3D принтер кој може да ја користи почвата од Месечината (која е полна со алуминиум, титаниум и магнезиум) за да изработува делови за него (но и за други уреди), на самата Месечина.

Audi Lunar Quattro е дел од 16-те натпреварувачи во овој натпревар на Google, а се предвидува да биде спремен за испраќање на Месечината уште во 2017-та год.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...