3D принтани делови на мотор за хиперсонични летови

Американската воздухопловна компанија Orbital ATK тестирала 3D-принтана хиперсонична комора за согорување на моторот, која може да се користи во авиони кои летаат со огромни брзини, како scramjet на NASA

Tестовите биле изведени во Langley Research Center на NASA, а комората била изработена со процесот познат како Powder bed fusion (PBF). Тоа е процес кога слој од прав од метална легура се поминува со ласер или со електронски сноп кој го спојува, притоа следејќи одредена дигитална шема (digital pattern). На тој начин се додаваат повеќе слоеви сè додека производот не е завршен.

Xиперсоничната комора била тестирана цели 20 дена во воздушен тунел во кој биле симулирани услови на хиперсонични летови при што се развиваат големи брзини и температури. Комората била стабилна и при брзини поголеми од Мах 5 (6200км/ч), кои се постигнуваат со леталата со scramjet погонски систем.

Scramjet е кратенка од Supersonic Combustion Ramjet, систем каде што кислородот кој што му е потребен на моторот за согорување се зема од атмосферата (низ која поминува леталото), наместо од резервоар вграден во него. На тој начин леталото е помало, полесно и побрзо, а се смета дека scramjet леталата ќе можат да постигнат брзина и до 15 пати поголема од брзината на звукот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...