Летала и погонски системи за интерѕвездени летови

Како ќе изгледаат вселенските летала во иднината и каков погон ќе може да користат за да стигнат до далечните ѕвезди и галаксии?

Нуклеарна енергија (Nuclear Power)

Orion Mars леталото кое во орбитата би можело да биде исфрлено со Saturn V ракетата, би имало нуклеарен погон, со чија помош би слетувало/полетувало на/од Марс. Со кабина за 4 луѓе и 2 Mars Lander-и, неговата прва мисија (развивана од NASA) е планирана за 2023-та.

Погон на фузија (Fusion Drive)



Ваков погон користат леталата во скоро сите научно-фантастични филмови и серии, вклучувајќи ги Star Trek и Star Wars. Тој има 300 пати поголем импулс/ефективност во однос на конвенционалните хемиски ракетни мотори, а функционира на тој начин што електрично наполнети честички се компресираат и забрзуваат додека не ја постигнат брзината на светлината, пред да го напуштат погонскиот систем на бродот.

Магнетна инка (Magnetic Funnel)



Прват предложен од американскиот физичар Robert W. Bussard во 1960-та, погонов функционира така што вселенски честички се собираат со помош на голем магнет, а потоа се внесуваат до фузискиот реактор и се претвораат во гориво (формата на сето ова изгледа како инка). Според Bussard, летало од 1000 тона со 100% ефикасност на реакторот ќе може да забрзува скоро бесконечно долго, доколку дијаметарот на магнетот е 100 километри. Калкулациите покажале дека во тој случај, поради големината на целиот објект, потисокот на моторот може да не е доволен да го движи.

Соларен погон/светлосни едра (solar or light sails)



James C. Maxwell во 1873-та открил дека светлината рефлектирана во огледало создава притисок врз него, што значи дека со помош на фотоните (кои имаат маса) и ниската фрикција (триење) кое постои во вселената, едно летало ќе може да патува користејќи соларен погон без потреба од додатно мотори и гориво. Со користење на едра кои би го движеле леталото со помош на соларните ветри или светлина од ѕвездите би се постигнало подобрување на брзината, меѓутоа тие би станувале сè помалку ефикасни како тоа ќе се оддалечува од сонцето/изворот на светлина.

Јонски погон (ion drives)



Науката докажала дека кога два атома се спојуваат во еден, се генерира огромна количина на енергија. Наместо хемиски реакции (како во сегашните ракети), јонскиот погон би користел контролирани фузиски реакции. Тој не би користел премногу гориво, но би барал електрицитет кој може да се обезбеди преку соларни панели или нуклеарни реактори. Досега јонски мотори се користеле во неколку летала кои истражувале астероиди и планетоиди.

Електромагнетен мотор (electromagnetic engine)



Ваквите мотори користат радио бранови да јонизираат и загреат гориво, додека магнетните полиња ја забрзуваат плазмата добиена како резултат на тоа и генерираат потисок. Се развива концепт наречен The ICARUS Project, кој вклучува летало напојувано со електромагнетни мотори, наречено VASIMIR (Variable Specific Impulse Magnetoplasma Rocket). VASIMIR би имал домет од 1000AU ( 1AU е растојанието од земјата и сонцето)

Погон Сабја (Sabre engine)



Моментално во фаза на концепт, SKYLON е летало кое би можело да се користи за повеќекратни лансирања на други летала или товар (максимум 16,5 тони) во орбита, напојувано од нова технологија наречена SABRE (Сабја), поточно од пар хиперсонични хибридни ракетни мотори (кои би користеле воздух).

Антиматерија (antimatter rocket)



Реакцијата помеѓу материја/антиматерија ослободува стотици пати повеќе енергија отколку најмоќните нуклеарни реактори. Горивото за неа би се состоело од мали пелети од деутериум и изотопи на водорот (полни со тритиум), а секое од овие пелети би било опколено со ураниум. Антипротоните би се удирале во јадрото на ураниумот, притоа генерирајќи високоенергетска фисија која би започнала фузиска реакција во горивото. Оваа технологија (во теорија) не е нова, меѓутоа сега засега не е успешно испробана и во пракса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...