Како ќе изгледаат идните „домови“ на доселениците на Марс?

Минатата година NASA го одржа натпреварот „3D Printed Habitat Design”, при што учесниците требало да развијат архитектонски концепти за живеалишта на Марс кои би се изработиле со технологијата за 3D принтање, од ресурси кои би се нашле на самата планета. Од над 165 пријавени решенија, еве неколку кои најмногу се издвојуваат:

1. Ice House ( од SEArch/Clouds Architecture Office)



Овој проект го зел првото место. Се заснова на тоа што константно ниските температури во северните делови на Марс изобилуваат со вода, која би се искористила за 3D печатење на еден вид на игло од лед, кое воедно би ги штитело сите во него од радијацијата и ултра-виолетовите соларни и галактички гама зраци (за што е потребно ледот да биде само 5см дебел).

2. Modular Inflatable Habitat ( од Team GAMMA)



Се работи за проект (кој го зел второто место) за живеалишта кои би се изградиле со помош на полу-автономни роботи кои како материјал за 3D принтање би го користеле regolith-от – мешавината од почва и камења најдени на површината на Марс. Тие, пред пристигнувањето на астронаутите, би ископале кратер длабок 1,5м во кои би биле поставени модули на надувување кои би послужиле како јадро на населбата. Потоа, врз нив би се додавал градежниот материјал со RAC (Regolith Additive Construction) процес, со што нивната внатрешност би се заштитила од радијацијата и ниските надворешни температури.

3. Lava Hive (од Team Lava Hive)



Проектот кој го зел третото место е многу сличен на претходниот, со тоа што како материјал би ја користел лавата со која би се правеле калапи со кои би се покрила конструкцијата (чија основа би била на надувување) Како градежен материјал, таа има голема структурална силина (откога ќе се излади) и термичка издржливост, многу поголема од синтетичките термички материјали.

4. NEO NATIVE ( од MOA Architecture)



Овој проект ја зел наградата за најдобар архитектонски дизајн, кој се заснова на концептот дека 3D принтерите од иднината ќе бидат способни да ја скенираат околната геологија и да го адаптираат дизајнот според локалната животна средина, карактеристиките на почвата, опасностите од радијација, движењето на ветровите и сл. Формите на екстериерот и ентериерот би биле дизајнирани математички, а целото живеалиште би било испринтано како една форма.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...