USS Enterprise култниот вселенски брод кој стана синонимен за Star Trek франшизата можно е наскоро да добие „вистински“ модел.
Инженерот и физичар на НАСА, Херолд Вајт заедно со дизајнерот Марк Редермајкер создадоа CGI дизајн концепт за реален вселенски брод. Тие бродот го нарекоа IXS Enterprise, а за да го создадат црпеа инспирација од USS Enterprise во Star Trek. Ќе помине долго време додека (и ако воопшто) тој стане реалност, но сепак, додега тоа се случи погледнете ја нивната замисла за потенцијалниот реален вселенски брод.