Астронаут ќе тргне на мисија и ќе го сруши рекордот на Скот Кели

Руското летало Сојуз во петок ќе полета кон Меѓународната вселенска станица носејќи тројца астронаути. Вчера беше поставена ракетата која ќе ги пренесува. Спектакуларните фотографии го покажуваат Сојуз TMA-20M кој е целосно опремен и поставен рано наутро на рампата на космодромот Бајконур во Казахстан.



Еден од астронаутите, Џеф Вилијамс би требало да го сруши рекордот на Скот Кели кој поминал најдолго време во вселената. Со него во капсулата ќе бидат и Русите Алексеј Овчинин и Олег Скрипочка. Ракетата би требало да се лансира во 22 часот, а шест часа подоцна ќе се спои со станицата.



Вилијамс во текот на неговата мисија ќе стане Американецот со најдолг стаж во Вселената, доколу ги помине планираните  543 денови. Скот Кели неодамна се врати од едногодишната мисија и најави дека ќе се пензионира. Тој помина во Вселената 520 денови.



Сепак, рекордер во најдолго поминато време во Вселената е Генадиј Падалк, руски астронаут кој за време на пет мисии поминал вкупно 878 денови во орбитата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...