Вселенски телескопи на иднината

Пред повеќе од 25 години, во земјината орбита беше лансиран Hubble Space Telescope кој и ден денес функционира покрај поновиот Kepler Space Observatory. Овие телескопи ни овозможија да дознаеме мноштво информации за нашиот соларен систем и универзумот воопшто, но веќе е време за надградба. Еве кои сè нови телескопи треба да се лансираат наредните неколку години:

TESS (Transisting Exoplanet Survey Satellite)



Наследникот на Keplerr, TESS Проектот (воден од MIT, со финансирање од Google) е мисија која треба да трае 2 години, за кое време ќе ги набљудува најсјајните ѕвезди со цел да ги лоцира транзитирачките егзопланети. Моќноста на гледање ќе му биде 400 пати поголема од онаа на Kepler, a до земјината орбита ќе биде однесен на SpaceX Falcon 9 ракета

James Webb Space Telescope (JWST)



JWST ќе биде вселенска опсерваторија – наследник на Hubble. Овој проект е веќе 20 години во постојана изработка, а воден е од NASA во колаборација со уште 17 други земји. Со помош на овој телескоп ќе може да се гледа „наназад“ 13.5 билиони години (200 милиони години после Big Bang ) и ќе можат да се забележат формациите на првите галаксии во универзумот. Примарното огледало на JWST ќе биде три пати поголемо (6.5м) од она на Hubble (2.4м), со пет пати поголема површина (25м2 спрема 4.5м2). Според сите калкулации, овој телескоп ќе биде околу 100 пати помоќен од Hubble.

Wide Field Infrared Survey Telescope (WFIRST)



Задачата на оваа вселенска опсерваторија ќе биде со инфрацрвени зраци да скенира големи региони од небото со цел да пронајде одговори за фундаменталните прашања во врска со темната енергија, темната материја и егзопланетите (се проценува дека ќе испита околу 2500 од нив). Сето ова ќе го постигне со длабочината и квалитетот на Hubble и со 100 пати поголемо поле на гледање, користејќи инструменти како coronagraph за да ги „фати“ бледите, но директни слики на далечните егзопланети.

Advanced Technology Large-Aperture Space Telescope (ATLAST)



Предложен од Space Telescope Science Institute, ATLAST треба да биде замена за Hubble и James Webb телескопите. Покрај вообичаените задолженија, најважното ќе биде да детектира живот на некоја од планетите слични на Земјата кои орбитираат околу далечните ѕвезди.

Технологијата која ќе биде вградена во него сè уште се истражува и проверува од астрономите, кои велат дека неговото примарно огледало ќе биде помеѓу 8 до 16м во дијаметар и ќе има ангуларна резолуција 5 до 10 пати подобра од онаа на James Webb телескопот, со осетливост скоро 2000 пати поголема од онаа на Hubble. Сето ова би било доволно моќно за да детектира биолошки „потписи“ во спектрумот на планетите слични на Земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...