Баз Олдрин: Човекот ќе го освои Марс до 2040 година

Баз Олдрин е вториот човек во историјата кој зачекори по површината на Месечината. Во 86-тата година од својот живот открива како настанаа фотографиите на астронаутот од мисијата Аполо 11, во која учествуваа тој и Нил Армстронг, но и ни ја открива неговата нова мисија која смета дека ќе го одведе човекот до Марс.

За легендарниот лет на Месечината во 1969 година, изјавил дека секој астронаут имал свои задачи кои требало да ги заврши. Армстронг требало да ја снима околината, па така на сите фотографии се гледа Олдрин. Што се однесува до легендарната фотографија на која од кацигата на астронаутот се гледаат и другите двајца астронаути, Олдрин вели дека настанала сосема спонтано.



- Тоа беше голема среќа!

Олдрин уште на млади години се стекнал со докторат за астрономија и е еден од пионерите на научните достигнувања поврзани со леталата кои се праќале во Вселената. Една новинарка на BBC која повеќепати го интервјуирала вели дека тој постојано носи накит како сеќавање на слетувањето на Месечината. Постојано носи и еден прстен подарок од Мухамед Али, кој му го подарил веднаш по враќањето на Земјата.

Тој веќе подолго време се залага за пат до Марс, но не само за обична мисија туку изработување на вселенски брод со човечки екипаж, кој ќе остане таму постојано за да прави безброј испитувања. За оваа цел, го разработил концептот на вселенски шатл, де факто автобуси, кои по циклична хиперболична орбита би патувале на релација од нашата Месечина до Марс. Според него, патувањето би траело пет и пол месеци, а тоа што леталото не би морало да се бори со гравитациските полиња на две планети, туку нивната гравитација би ја користеле за забрзување и кочење, тоа би значело многу повеќе место за патници и багаж.



- НАСА за тоа не е заинтересирана. Русите експериментираа за ова, но никогаш не стигнаа да направат летало со екипаж. Изгледа дека цената им била превисока, смета Олдрин.

Иако има доста години, овој научник се уште е многу активен. Со професорот Џејмсон Лонгуск од универзитетот во Индијана, направија проект на изводливост, во кој привремено вклучувале и студенти, а по кој човекот би можел да се колонизира на Марс до 2040 година.

- Да останеме таму, а не само да го посетиме Марс, додава Олдрин.

Тој нема никакви сомнежи дека тоа нема да го доживее. А кога би бил доволно млад, не би се упатил повторно на таков лет, иако пред 47 години испиша историја со првите негови чекори по Месечината.



- Многу покорисен сум овде на Земјата, кажа тој и објасни дека не е човек кој би паѓал од среќа поради собрани вонземски камења.

А овде е и неговото научно достигнување - развивање на принцип по кој човештвото би ја искористила Месечината како отскокна даска за пат до Марс.

- Сигурно има многумина на кои тоа би им била одлична авантура, но јас не сум еден од тие, заклучи Олдрин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...