Breakthrough Starshot – проект за лет до Alpha Centauri

Најавен е нов проект со кој се планира лансирање на мало вселенско летало до Alpha Centauri - најблискиот ѕвезден систем до нашиот, кое ќе испраќа слики и податоци кои назад на земјата ќе пристигнат во рок од една генерација.



Амбициозниот предлог е наречен Breakthrough Starshot и е објавен од билионерот Yuri Milner, професорот Stephen Hawking, и останати научници и експерти. Овој истражувачки проект од 100 милиони долари ќе проба да докаже дека е возможен предложениот концепт за меѓуѕвездено патување со помош на малечок сателит со ласерски напојувано едро.

Сателитот, наречен StarChip, всушност ќе биде минијатурно нано-летало со големина колку да се собере помеѓу два прста, на кое што ќе биде прицврстено едро. Потоа, низа од ласери од Земјата со помош на ласерски зрак од 100 гигавати испукан во едрото, за неколку минути ќе го забрзуваат до 20% од брзината на светлината.



На „обично“ вселенско летало би му требале над 30 000 години да помине 4.37 светлосни години (40 трилиони километри), колку што е оддалечена Alpha Centauri, додека на ова нано-летало за истиот пат би му биле потребни „само“ 20 години.

Во план е испраќање на стотици, па и на илјадници вакви сателити.

Покрај Milner и Hawking, проектов е поддржан и од Mark Zuckerberg и Ann Druyan (вдовицата на Carl Sagan, кој уште во 1976-та ја предложил идејата за соларно едро). Оваа програма ќе биде водена од Pete Worden, поранешен директор на AMES Research Center на NASA



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...