55 години од легендарното достигнување: Како загина Јуриј Гагарин?

Оваа година навршуваат точно 55 години откако Јуриј Гагарин за само 108 минути ја облета земјата, а овој негов подвиг е забележан во историјата на човештвото како големо научно и човечко достигнување. Ова го истакна рускиот амбасадор Олег Шчербак на свеченоста во чест на Гагарин и одбележувањето на 55-годишнината од првиот лет во вселената, што денес се одржа во Амбасадата на Русија во Скопје.



- Денес Меѓународната вселенска станица претставува пример за ефикасна и конструктивна соработка меѓу повеќе држави во светот и ние се гордееме дека Русија има една од водечките улоги во овој проект. За мене тоа е одличен пример за соработка и во други дејности како во политиката и дипломатијата. Особено сакам да истакнам дека и во најтешки времиња, во период на „студената војна“, на санкции, регионални конфликти и кризи, соработката во сферата на космосот никогаш не прекинала. Тоа значи ако постои желба и политичка волја сите ние можеме да работиме заедно за доброто на сите, рече Шчербак.

Од друга страна светските медиуми се уште полемизираат како, само седум години по неговата историска мисија, во 1968 година, Гагарин почина во авионска несреќа на само 38 години. Космонаутот и инструкторот за летање Владимир Серјогин извршуваа летачка вежба кога се изгубија и од мистериозни услови починаа. По нивната смрт се појавија безброј теории на заговор за тоа што точно се случило на едни од најуспешните пилоти во тоа време.



Постојат неколку работи кои ги знаеме за неговите последни моменти од животот. Јуриј се разбудил порано на 27 март, да ја продолжи својата повторна обука како пилот на борбен авион. Стигнал на аеродромот Чакаловски, на неколку километри оддалечен од Москва. До тогаш, неговата обука течела мошне добро, при што поминал три тренинг мисии, а тој ден следувал првиот соло лет со Серјогин.

Негде по 10 часот, се упатиле кон зоната за летање, но врнело дожд и дувало ветер. По неколку минути, се пријавил во базата преку радио да каже дека ја завршил вежбата, која вклучувала барел ролни и вертикални јамки и се враќале накај базата. Потоа следувало тишина.

По десет минути без никаков сигнал од нивниот авион, од базата пратиле спасителен тим за да го побараат авионот. Околу 15 часот го пронашле авионот запален во една котлина. Телото на Серјогин веднаш го идентификувале, а сите се надевале дека Гагарин можеби се спасил со падобран. Сепак, таа надеж ја снемало следниот ден откако го пронашле и неговото тело не многу далеку од паднатиот авион. Советскиот сојуз веднаш основале комисија со цел да ја одредат причината за случената несреќа. До ноември, комисијата направила извештај од 29 страни од кој не можело речиси ништо да се заклучи. Се објасниле неколку теории, но никогаш не биле прикажани докази за истото. Сметале дека избегнале удар со метеоролошки балон или птица, при што скршнале од патот од каде што никогаш не се вратиле. Со други зборови, тоа било грешка на пилотот, не системска или механичка грешка. На членовите на комисијата им се забранило да објавуваат и кажуваат какви било заклучоци, со цел да не се крене руската нација.



Иако починал национален херој под мистериозни услови, тој извештај не можел ништо да покаже. Потоа следуваа илјадници негодувања. Некои сметаат дека Гагарин бил пијан, додека други сметаат дека тие се радувале на возењето па се смееле и ги гледале елените во котлината. Има и такви кои сметаат дека Гагарин бил саботиран од Брежнев, бидејќи му бил љубоморен на неговата популарност.

Можеби Гагарин бил агент на ЦИА, која ја преживеал несреќата и живее негде друг живот со различен идентитет. Некои дури веруваат дека тој  е жив до ден денес, но сепак ниту една теорија не е потврдена. Колку и да негодуваме, никогаш нема да знаеме што навистина се случило со човекот кој прв влезе во Вселената.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...