Ембриони на цицачи развиени во Вселената

Кинески научници од Chinese Academy of Sciences (CAS) за прв пат во историјата на човештвото успешно развиле ембриони (во рана фаза) од глувци во Вселената (т.е ембриони од цицачи), кои се наоѓаат на микрогравитациски сателит кој за неколку дена треба повторно да се врати на земјата.

Истражувачката сонда наречена SJ-10 (која има животен век од околу 15-тина дена) , лансирана на почетокот на април, со себе носи над 6000 глувчешки ембриони во комора со големина на микробранова печка.Од нив, 600 ембриони биле ставени под камера со висока резолуција, која ги снимала 4 последователни дена секои 4 часа и сликите ги испраќала назад до земјата.



Сликите покажале дека ембрионите се развиле од стадиумот со 2 клетки, до бластоцисти – шупливи топки кои имаат надворешен слој од клетки и внатрешна клеточна маса, и тоа по 72 часа по лансирањето на сондата. Тајмингот на развивање на клетките бил сличен со развитокот на ембрионите и тука, на Земјата.

Останатите ембриони биле вбризгани со фиксативи 72 часа по лансирањето, со цел да се студираат ефектите на вселенското опкружување врз развитокот на ембрионите.

Сондата е дом на вкупно 19 експерименти кои ќе вклучуваат истражување на физиката на течностите во микрогравитација, согорување во микрогравитација, вселенски материјали и ефекти од вселенската радијација, биолошки ефекти на микрогравитацијата и вселенска био-технологија.

Попрецизно, ќе се истражува како вселенската радијација влијае на генетската стабилност на клетките од глувци и на винските мушички, додека експериментот со согорувањето ќе ги тестира начините на кои материјалите од кои е изработена капсулата горат, со цел да се направи што побезбедна капсула за идни мисии со човечки екипаж.

Ќе биде направен и уште еден експеримент како партнерство помеѓу European Space Agency и National Space Science Center (под CAS), со кој што ќе се истражува однесувањето на суровата нафта под висок притисок, како и согорувањето на јаглен и формирањето на загадувачки материјали во микрогравитацијата. Експериментот со нафтата се прави со цел што подобро да се разбере однесувањето на резервоарите нафта длабоко под земјината површина, додека резултатите од вториот експеримент треба да помогнат да се подобри енергетската ефикасност и намалат емисиите на штетни честички при користење на такви видови на горива на земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...