Ceres – систем за напредно набљудување на земјата

Planetary Resources (компанија за ископување на руда од астероиди), со поддршка од уште неколку компании, обезбедила 21 милиони долари за финансирање на Ceres – систем за напредно набљудување на земјата.



Овој систем ќе биде првата комерцијална инфрацрвена и хиперспектрална сензорна платформа со која подобро ќе се разберат и менаџираат природните ресурси. Дејствијата на компанијата ќе опфаќаат набљудување на земјата, како и потрага по и ископување на руда од астероиди.

Предноста на Ceres во однос на типичните сателитски снимки (кои единствено обезбедуваат слики) е можноста да обезбедува вистински мерни податоци со високи спектрални резолуции (т.е подалеку од она што може да се види со човечкото око). Ова е овозможено со мерење на термографските својства и откривање на составот на материјалот на Земјината површина.

Системот Ceres ќе користи инфрацрвен сензор со средна бранова должина со кој што ќе ги реализира термографското мапирање и ноќните снимки, а ќе биде интегриран во вселенското летало Arkyd и распореден во 10 сателити околу Земјината орбита, од каде ќе врши глобални истражувања и набљудувања во корист на разни индустрии – од земјоделската до оние за нафта и гас.

На пример, Ceres ќе биде способен да ги анализира спектралните отчитувања од полиња со полјоделски култури, да идентификува минерални и енергетски извори, како и да набљудува цевководи и далечински инфраструктури. Исто така ќе може да гo следи цутењето на токсичните алги, да го надгледува глобалниот квалитет на водата и да детектира (шумски) пожари во најрана фаза.



Моментално се тестира сензорната платформа на Ceres, a демонстрација на технологијата во вселената е закажана со лансирањето на вселенското летало Arkyd 6, во мисија која ќе има за цел да ги провери термографскиот сензор и технологиите кои го подржуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...