Алгоритам кој ќе овозможи сликање на црна дупка

Тим составен од научници од лабораторијата за компјутерска наука и вештачка интелигенција од MIT, Harvard-Smithsonian центарот за астрофизика и Haystak опсерваторијата на MIT, развил алгоритам со кој би се составувале податоци од радио телескопи поставени ширум планетата, како дел од интернационална колаборација наречена Event Horizon Telescope.



Радиобрановите (во споредба со брановите од видливиот спектар) не само што се способни да поминуваат низ ѕидови, туку и низ вселенската прашина и отпад, а поради големата бранова должина, за нивно искористување потребни се огромни антени. Но, иако најголемиот радио-телескоп е со дијаметар од над 300 метри, сликата која што би ја дал кога би ја сликал Месечината би била многу заматена – ова претставува уште поголем проблем при (потенцијална) изработка на слика од црна дупка, бидејќи за да се сними една таква која што се наоѓа во центарот на нашата галаксија е еквивалентно на снимање на грејпфрут поставен на месечината, но со радио-телескоп. За сликата да биде со добар квалитет, потребен би бил телескоп со дијаметар од 10 000 километри, што е невозможно - меѓу другото и поради тоа што дијаметарот на земјата е помал од 13 000 километри.

The Event Horizon Telescope проектот вклучува координирање на мерењата од радио-телескопите поставени на разни локации на планетата, со помош на алгоритмот наречен CHIRP (Continuous High-resolution Image Reconstruction using Patch priors) кој треба да ги пополни празнините во податоците.

Процесот е следниот: Event Horizon Telescope користи интерферометрија, која ги комбинира сигналите детектирани од пар телескопи, кои кај секој телескоп се стигнати во различно време. Притоа и земјината атмосфера ги забавува радио брановите и ја потенцира оваа разлика во времето на пристигнување. CHIRP го решава овој проблем со тоа што ја филтрира оваа атмосферска „бучава“ и ги пополнува „дупките“ во податоците, сo што би се овозможило креирање на вистинска, јасна слика на црна дупка (за разлика од сите досегашни кои ги имаме видено а се авторски/уметнички дела кои претставуваат слика на тоа како научниците претпоставуваат една црна дупка изгледа)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...