НАСА ќе запали оган во вселената

Беспилотниот брод Orbital ATK Signus замина на пат во вселената од Меѓународната вселенска станица за да  изведе еден од трите планирани експерименти на НАСА за да се даде одговор на прашањето како пожарот се шири во вселената, што е мошне важно за безбедноста на астронаутите.



-Претходните експерименти во вселената беа ограничени при палењето на примероците, кои треба да не бидат поголеми од лист хартија од мала тетратка, објаснува Дејвид Урбан, главниот истражувач за експерименти со оган во вселената.

- Со години се трудевме да најдеме возило и околности во кои тоа би можело да се изведе, но сите не одбивале, додава Дејвид.

Американската агенција за истражување на вселената најпосле се согласила да се искористи бродот Orbital ATK Signus, кој е дизајниран да изгори во атмосферата откако ќе се оддалечи од Меѓународната вселенска станица. Откако бродот ќе биде на доволна оддалеченост, модулот Сафир, кој е направен од стаклени влакна и памук ќе се запали. Експериментот ќе започне на тој начин што врели жици ќе го запалат Сафир. Воздухот кој тече низ каналите ќе допира до огнот, за кој се очекува да гори 20 минути.



- Едно од големите прашања е колкав ќе биде пламенот, изјавил Дејвид.

Огнот се однесува различно надвор од Земјината атмосфера, па научниците сакаат да тестираат дали микрогравитацијата ќе го ограничи пламенот и кои материјали ќе ги зафати.

Сензорите ќе ги снимаат температурите, нивото на кислород и јаглероден-диоксид, додека камерите ќе фотографираат. Потоа овие податоци ќе бидат пратени до Земјата во наредните четири до шест дена. НАСА планира уште два слични проекти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...