Откриен кислород во галаксија од времето на зачетокот на Универзумот

Тим од научници од целиот свет детектирале знаци на кислород во галаксија оддалечена 13 билиони светлосни години од земјата.

Иако денес универзумот е исполнет со секакви хемиски елементи, во неговиот зачеток постоел само топол, јонизиран гас исполнет со електрони, со јони од водород и хелиум кои лебделе наоколу. По 400 000 години, универзумот се оладил и електроните и водородните јони се комбинирале и формирале водородни атоми, а неколку стотици милиони години подоцна се формирале првите ѕвезди, емитирајќи јака радијација која повторно го јонизирала водородот, синтетизирајќи и други елементи вклучувајќи го јаглеродот и кислородот.

Изучувајќи ги овие елементи, научниците пронашле индиции за природата на првите ѕвезди и начинот на кои што биле креирани првите галаксии. Меѓутоа, само најмоќните телескопи се способни да ги детектираат овие елементи кои се оддалечени билиони светлосни години од нас.

Во Јуни 2015, тим од истражувачи ја таргетирале галаксијата наречена SXDF-NB1006-2 која ја набљудувале со телескопот ALMA (Atacama Large Milimeter/submillimeter Array), кој бил способен да детектира светлина од јонизираниот кислород.

Сега, резултатите од истражувањата покажале дека ALMA телескопот детектирал радијација од двојно јонизираниот кислород во галаксијата, кој според силината на светлината, се проценува дека е многу во количина многу помала отколку кај нашето сонце (поточно една десетина), што е разбирливо со оглед на тоа што тогаш универзумот бил многу млад и немало премногу формирани ѕвезди. Отсуството на космички прав е индикација дека скоро целиот гас во оваа галаксија е исклучително јонизиран.

Лидерот на тимот кој го водел овој проект (Akio Inoue) објаснува дека SXDF-NB1006-2 може да биде прототип на изворите на светлина одговорни за космичката рејонизација, и е прв чекор во разбирање на какви типови на објекти ја имаат предизвикано.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...