Натпревар за 10.000 долари за борба против климатските промени

Овој викенд во Скопје, на климатскиот камп, 9 тимови ќе се натпреваруваат за награда од 10.000 долари за борба против климатските промени и поттикнување на урбаната отпорност.



Во април годинава, УНДП и УСАИД објавија предизвик до сите граѓани да предложат иновативни идеи за справување со климатските промени. Организиран во партнерство со Амбасадата на Шведска, Министерството за животна средина и просторно планирање, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, предизвикот има за цел да ги искористи талентите на граѓаните како поддршка во остварување на Глобалните цели за одржлив развој поврзани со климатски промени и одржливи градови.

- Борбата против климатските промени е една од седумнаесетте Глобални цели усвоени од сите земји членки на Обединетите нации минатата година, изјави постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон. Секоја земја и секој поединец има улога во оваа борба. Политиките и заложбите треба да се преточат во конкретни активности преку свежи идеи и ангажман од сите страни за нашите градови да станат побезбедни, позелени и почисти.

- Фокусирани сме на урбаната отпорност бидејќи порастот на популацијата и урбанизацијата вршат сериозен притисок врз нашите градови. Проценките укажуваат дека до 2050 година, 70% од светската популација, или 6,3 милијарди луѓе ќе живеат во градовите, зголемувајќи ја побарувачката за енергија и загадувањето на воздухот, изјави директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн. Во своето директно обраќање до финалистите додаде во сржта на овој отворен собир е активното учество на секој од вас, и на вашите заложби да ги преточите идеите во конкретни проекти кои ќе донесат вистинска промена.



Повеќе од 60 идеи беа испратени за натпреварот, од кои 9-те најдобри се најдоа во потесниот избор за понатамошен развој.

Запознајте ги финалистите!

1. Герила постојки за велосипеди

Првиот тим ќе работи на развивање на креативни постојки за паркирање на велосипеди кои ќе бидат изработени од стари буриња. Местата за паркирање ќе бидат поставени во 30 прометни локации во Скопје со цел да ги мотивираат граѓаните што почесто да ги употребуваат нивните велосипеди.

2. Мотори и автомобили што работат на компримиран воздух

Вториот тим ќе креира прототип со лесни резервоари базирани на нанокомпозит кој ќе ги напојува моторциклите и автомобилите на растојание од 25км без потреба од гориво. Ова ќе помогне да се намали загадувањето преку намалување на количеството на јаглерод диоксид кој се испушта во атмосферата.

3. Употреба на зеолити во борбата со емисиите на штетни гасови

Третиот тим ќе работи на креирање на прототипи од панели со клиноптиолит (природен зеолит), кој ќе биде поставен низ градот со цел да ги апсорбира штетните гасови и електромагнетната радијација и со тоа ќе ги редуцира негативните ефекти по човечкото здравје.

4. Билборди за прочистување на воздухот

Четвртиот тим ќе креира прототип за специјални филтери кои можат да се вметнат во постоечки билборди за да го прочистуваат воздухот преку апсорбирање на концентрацијата на честички кои претставуваат закана по човековото здравје.



5. Re-Bot – Машина која рециклира пластика во супермаркети

Петтиот тим ќе се обиде да ги надмине предизвиците на тврдиот отпад со Re-Bot, паметна машина која ќе поттикне подобри навики за рециклирање кај граѓаните. Идејата вклучува и игра во која натпреварувачите можат да добијат поени и награди кога активно ќе рециклираат отпад како пластика и лименки.

6. Паметен енергетски чадор

Шестиот тим ќе прави прототип на паметен енергетски чадор кој генерира енергија од дожд и сончева светлина за да ги полни мобилните телефони и другите уреди. Диодите на чадорот ќе можат да се вклучат и навечер со цел да ни го осветлат патот, зголемувајќи ја безбедноста на улиците без јавно осветлување.

7. It’s Air O’clock

Седмиот тим ќе изработува прототип од направа слична на часовник наменета за покренување на свеста за квалитетот на воздухот во нашите домови, во комбинација со веб страна и мобилна апликација кои ќе служат за контролирање на направата.

8. ‘Мое дрво’

Осмиот тим ќе работи на веб страна и мобилна апликација која ќе служи за заштита на зеленилото во градот. Апликацијата ќе овозможи граѓаните да ги означуваат дрвата со гео тагнување со цел да се привлече внимание на нови локации каде може да се насади зеленило и да се осигура заштита на зелените површини.

9. ‘Детектор на богатство’ за редуцирање цврст отпад

Деветтиот тим ќе работи на редуцирање на загадувањето од цврст, електронски и пластичен отпад преку креирање на социјална мрежа, вклучувајќи и веб страна и мобилна апликација, која ќе овозможи луѓето и компаниите да соработуваат преку купување или давање предмети од кои сакаат да се ослободат.



Специјален гостин: Матеј Плавевски е 13 годишно момче кое ги воодушеви судиите и ќе работи како специјален гостин на кампот, на развој на неговата идеја за употреба на дронови за општо добро. Дронот ќе има специјални сензори кои ќе овозможат редовно мерење на различните нивоа на загадување во различни локации и време, со цел да се помогне во носење на подобро информирани одлуки во борбата против загадувањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува жена во аптека и прашува:
- Дали имате екстра-големи кондоми?
- Да, имаме. Сакате ли да купите?
- Не, благодарам. Ќе ви пречи ли ако седам покрај вратата и чекам некој...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на метеорологијата
1309.- Папата Клемент Петти ја премести папската...
1616.- Во Сратфорд на Ејвон умре Вилијам...
1801.- Незадоволните дворски офицери го убија...