Откриен нов вид на метеорит

Научници велат дека во Шведски каменолом откриле метеорит чиј хемиски состав не е сличен ниту на еден од 50 000 метеорити паднати на земјата, а кои ни се познати.

Овој „мистериозен“ објект е со големина на тениско топче и неговото анализирање може да доведе до значајни астрономски сознанија кои се однесуваат на земјата и сончевиот систем.



Приказната започнува пред околу 24 години кога локалните научници започнале соработка со каменолом во кој што бил пронајден метеорит, а до денес од истиот се извлечени над 100. Сите тие биле од типот на „обични хрондити“, какви што се 85% од сите пронајдени на земјата. Ваквиот тип на метеорити потекнуваат од ист астероид кој се искршил на ситни парченца во јак директен судир, најверојатно со помал астероид (инаку енергијата потребна за да се искрши не би била толку висока). Научниците веќе две декади очекуваат да најдат парчиња од некој друг тип на метеорити, кои би потекнувале од помалиот астероид.

Тоа се случило во 2011, кога бил пронајден метеорит (на кого му е дадено име Ost 65) за чија уникатност дознаваме дури сега, по 5 годишни истражувања. Истражувачите велат дека сите познати метеорити имаат уникатна комбинација од изотопи на хром и кислород, кои формираат еден вид на „отисок на прст“ по кој што се препознаваат. Составот на Ost 65 не содржи ниеден од познатите „отисоци на прсти“.

Ost 65 е прв документиран „изумрен“ метеорит – што значи дека астероидот од кој потекнува веќе не постои и е најверојатно комплетно уништен во експлозијата која го распаднала.

Неговото пронаоѓање и понатамошно анализирање се значајни, бидејќи постои огромен потенцијал да се реконструираат важни аспекти од историјата на нашиот сончев систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...