Нов магнетар со своја маглина од ветрови

Користејќи го Swift сателитот на NASA, астрономи за прв пат пронашле маглина составена од ветрови во близина на магнетар.

Магнетари, инаку, се високо магнетни неутронски ѕвезди, 1000 трилиони пати повеќе магнетни отколку нашата околина, поточно во единица мерка 1 квадрилион Гаус. Тоа значи дека доколку човек се приближи на околу 1000 километри од такво нешто, магнетните полиња комплетно ќе го изреметат биоелектрицитетот на телото – нервните импулси ќе станат бесполезни, и биомолекуларната структура буквално ќе се раствори/распадне.



Само 29 од 2600 неутронски ѕвезди се класифицирани како магнетари, а ова откритие е значајно бидејќи ова е прв пат да е пронајден магнетар кој е опкружен со маглина од ветрови, т.е масовен облак од високо енергетски честички.

Досега се верувало дека само младите пулсари (високо магнетизирани ротирачки неутронски ѕвезди кои емитуваат снопови од електромагнетна радијација) се способни да се „засолнуваат“ зад вакви маглини поради фактот дека тие се вртат доволно брзо за да маглината се отцепи од нив, па дури истите ги губеле маглините како старееле и забавувале.

Магнетарите се познати по тоа што се вртат многу побавно од обичните пулсари, поради што е чудно како J1834.9 (ново откриениот магнетар) ја задржува својата маглина, што го прави уникатен за истражување и за создавање на нови теории.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...