Фасцинантно: Погледнете како се однесуваат огнот и водата во вселената

Една од најголемите заблуди во врска со Вселената е дека објектите во целост се лишени од дејството на гравитациската сила. Вистина е дека на секое место во Вселената има барем малку гравитација, поради што и Месечината константно кружи околу Земјата.



Но, зошто тогаш на секоја снимка со астронаутите од Меѓународната вселенска станица може да се виде како луѓето и предметите лебдат во бестежинскиот простор?

Се работи за појава наречена микрогравитација. Предметите во МВС се наоѓаат во состојба на микрогравитација, некој вид на бесконечен слободен пад, движејќи се со брзина од околу 28.165км на час. Но, наместо да почнат да паѓаат на Земјата, објектите паѓаат околу Земјата, следејќи ја нејзината закривеност благодарение на што остануваат во орбитата на планетата, објаснуваат научниците.

Во состојба на микрогравитација се случуваат многу чудни работи – цвеќето мириса поразлично, мовта расте во облик на спирала, а пламенот од свеќата има сферична форма.

При микрогравитација, водата не тече слободно, туку се собира во големи сферни капки.



Цедењето на мокра ткаенина не е возможно, затоа што водата наоколу се собира како желатинска маса.



Честичките вода орбитираат околу наелектризирани предмети, како на пример игла за плетење.



Астронаутите дури може да користат и рекети и со капка вода да си играат пинг понг.



Наместо пламенот на свеќата да биде прав, тој е во сферен облик во Вселената.



На Земјата, малите разлики во воздушниот притисок произведуваат пламен кој се движи кон пореткиот воздух, но тоа не е случај и во вселената.



Таму пламенот се соочува со еднакво силен притисок од секој правец, што предизвикува негово ширење од изворот во вид на сфера.



Наместо да се изгаси поради недоволна количина на кислород, како на Земјата, пламенот во Вселената се разбива во голем број мали пламени, кои се движат на површината во вид на цик-цак линии.



Со цел да откријат што може да се преземе во случај на избивање пожар во МВС, научниците изведуваат експерименти со пламен за време на микрогравитација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...